Регион
Убијците на обвинителот во Истанбул добиле наредба од Грција
Милитантите на екстремната левичарска група Револуционерна партија (фронт) за народно ослободува (DHKP-C) во вторникот во Истанбул го земаа во заложништво државниот обвинител, наредбата да го убијат ја добиле од челникот на Фронтот, Хусеин Февзи Текин, кој живее во Грција, пишува во петокот весникот Sabah.
Во вторникот Шафак Јајла и Бахтијар Догруојл го земаа во заложништво државниот обвинител Мехмет Селим Кираз и бараа да се уапсат полицајците во истрагата што ја водеше обвинителот за смртта на 15-годишниот Беркин Елван, кој почина по 269 денови кома во којашто падна откако го погоди патрон за солзавец во текот на антивладините протести летото 2013 година во истанбулскиот парк Гези, а почина на 11-ти марти 2014 година. Момчето не учествувало во протестите, туку отишло да купи леб.
Преговорите со терористите беа безуспешни, а потоа од кабинетот на обвинителот се слушнале истрели по што започна акцијата на специјалците. Двајцата напаѓачи беа убиени во операцијата, додека обвинителот подоцна во болница им подлегна на раните од огнострелно оружје. Во средата турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека учесниците во нападот, кој е квалификуван како „терористички чин“, имале телефонски разговор со странство.
Според извештајот на весникот Sabah повикувајќи се на извори од безбедносните служби, посочениот челник на забранетата Револуционерна партија (фронт) за народно ослободува (DHKP-C), Хусеин Февзи Текин, кој во 1990-те неколку години минал во турските затвори под обвинение за тероризам, во моментов живее во Грција, каде во градот Лаврион се наоѓал камп за обука на Фронтот.
Се додава, исто така, дека еден од напаѓачите во Истанбул, Бахтијар Догруојл, во 2012 година бил уапсен во северозападна Турција, од каде што се обидувал да се префрли во Грција и да дојде до Лаврион. Бил ослободен минатата 2014 година. Во Лаврион живеел и Еџевит Шанли, кој во февруари 2013 година со лажен пасош допатувал во Турција, а неколку дена подоцна се разнесе на портирницата од американската амбасада во главниот град Анкара. Притоа загина и еден турски припадник на обезбедувањето на дипломатската мисија на САД.
Турските власти ја обвинуваат DHKP-C за организирање низа напади кои ги карактеризираат како тероризам. Најголемиот од нив е оној од мај 2013 година, кога членовите на оваа групација со два автомобила бомби се разнесоа во градот Рејханли на границата со Сирија, при што беа убиени 53 а ранети уште 155 беа ранети./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.