Регион
Украдени над 300.000 евра од трезорот на централната банка на БиХ
Централната банка на Босна и Херцеговина е ограбена за повеќе од 300 илјади евра поради што е уапсен еден нејзин службеник, а уште неколкумина се суспендирани, потврди во средата оваа институција.
Централната банка на Босна и Херцеговина е ограбена за повеќе од 300 илјади евра поради што е уапсен еден нејзин службеник, а уште неколкумина се суспендирани, потврди во средата оваа институција.
Во писменото соопштение е наведено дека во текот на редовниот но и вонредниот преглед, како и со интерната контрола, било утврдено дека во трезорот на главната единица на банката во главниот град Сараево недостига сума од 600 илјади конвертабилни марки, односно 306,9 илјади евра.
Откако било утврдено исчезнувањето на парите, гувернерот на банката Кемал Козариќ веднаш ја известил полицијата. Таа веднаш како извршител на кражбата идентификувала еден од вработените. Во соопштението се наведува дека тој ја признал кражбата, и оти е предаден на Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) којашто ќе ја спроведен натамошната кривична постапка.
Гувернерот Козариќ, користејќи ги своите овластувања, суспендирал уште девет вработени во банката, и таа намера ќе остане на сил до целосното завршување на истрагата.
„Гувернерот ја истакнува ефикасноста на органите кои ја спроведуваат истрагата и очекува постапката на истражните и судските тела што поскоро да заврши“, се вели во соопштението кое го цитира ONASA.
Од централната банка на БиХ не наведуваат кога точно се случила кражбата и каде завршиле парите украдени од трезорот, оправдувајќи го тоа со причини поврзани со истрагата./крај/мф/сн
Извор: ONASA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

