Регион
Унгарија: Оградата кон Србија ќе остане сè додека тоа е неопходно
Соработката меѓу Белград и Будимпешта околу бегалската криза може на другите да им послужи како пример, изјавил унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, при тоа додавајќи дека оградата која Унгарија ја постави долж границата со Србија ќе остане таму сè додека тоа е неопходно.
Соработката меѓу Белград и Будимпешта околу бегалската криза може на другите да им послужи како пример, изјавил унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, при тоа додавајќи дека оградата која Унгарија ја постави долж границата со Србија ќе остане таму сè додека тоа е неопходно.
„Оградата нема да ја реши мигрантската криза, но таа е неопходна за да се испочитуваат шенгенските правила и за да се заштитат границите на ЕУ. Истата цел ја има и измената на сетот закони кои на предлог на владата беа усвоени од страна на парламентот“, рекол Трочањи во интервју за „Вечерње новости“.
Тој додал дека тоа биле ефикасни мерки, бидејќи во Будимпешта се надевале дека бројот на илегални мигранти ќе се намали за една шестина или можеби и за една седмина, но нивниот број бил уште помал. Запрашан за тоа дали Унгарија има право на територијата на Србија да врати државјани од трети земји, тој одговорил позитивно, односно дека „Унгарија има право, и дека веќе имало такви примери“.
Унгарскиот министер истакнал дека мигрантската криза јасно покажаа дека е неопходен јасен европски пристап и го повторил одлучниот став на унгарската влада дека иднината на Европската унија (ЕУ) е незамислива без членството на Србија.
На констатацијата дека Хрватска не била задоволна од тоа како Србија и Унгарија постапиле со мигрантската криза, тој рекол дека тоа е сложено прашање.
„Како прво, гледано од историски аспект, унгарско-хрватските односи се традиционално добри, секако пријателски. Како второ, треба да бидеме свесни дека во Хрватска се ближат избори“, рекол Унгарецот, додавајќи дека „Загреб изгледа не знае што да прави со предизвиците кои со себе ги носи мигрантската криза и тоа сигурно создава некои фрустрации за кои смета дека ќе ослободи, доколку својата реторика ја насочи против другите, како на пример против Унгарија“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.