Регион
Унгарската полиција претепала и полски новинар

Унгарски полицајци со пендреци го нападнале и уапсиле новинарот на државната полска телевизија TVP, Јацек Тацик, обвинувајќи го дека нелегално ја преминал границата од Србија кон Унгарија, пренесуваат полските медиуми.
Унгарски полицајци со пендреци го нападнале и уапсиле новинарот на државната полска телевизија TVP, Јацек Тацик, обвинувајќи го дека нелегално ја преминал границата од Србија кон Унгарија, пренесуваат полските медиуми.
„Репортерот на полската телевизија TVP беше извлечен од страна на полицијата и уапсен под обвинение дека нелегално ја преминал границата“, изјавил почесниот полски конзул во унгарскиот град Сегедин, Карол Бјернацки, кој во средата вечерта присуствувал на сослушувањето на полскиот новинар.
Претходно во една од интервенциите против група на бегалци, која на кордонот фрлала со камења и разни предмети на граничниот премин Хоргош, полицијата со пендреци го нападнала и репортерот на полската телевизија.
„Изгледаше мирно, но одеднаш унгарската полиција тргна кон бегалците, а нѐ тепаше и нас новинарите. Тогаш добив неколку удари“, изјавил во вестите на TVP Тацик, на неколку минути пред да биде уапсен.
„Стоевме близу унгарската полиција. Во еден момент изгубив контакт со Јацек. Не знам понатаму што се случуваше, но тој во рацете имаше микрофон и јасно се гледаше дека е новинар“, изјавил снимателот од TVP, Павел Ролак./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.