Регион
Варуфакис: Грција има намера да ги отплати сите долгови

Грција има намера да ги отплати сите свои долгови, соопштил грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис.
Одговорајќи на прашањето дали во петок ќе биде отплатена траншата од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), вредна 300 милиони евра, тој рекол дека како министер за финансии не може да даде друг одговор, освен тоа дека државата секогаш цели кон тоа да ги врати долговите на своите кредитори, пренесува Reuters.
Грција во текот на јуни, низ четири транши треба да му врати на ММФ долг вреден 1,6 милијарди евра. Варуфакис рекол дека остро се противи на приватизацијата на грчкиот дистрибутор на електрична енергија PPC, која левичарската влада во Атина ја сопре веднаш штом дојде на власт во јануари./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.