Регион
Вечерње Новости: ЕУ и САД со ултиматум до Србија за санкциите кон Русија
Србија до 1-ви септември ќе мора да се изјасни – или ќе воведе санкции кон Русија и така ќе им се придружи на земјите членки на Европската унија (ЕУ) или ќе ја задржи сегашната неутрална позиција кон судирите во Украина, пишува белградскиот весник Вечерње Новости.
Според информациите на весникот, притисокот на западните земји врз официјален Белград, а пред се врз српскиот премиер Александар Вучиќ, кулминирал по соборувањето на малезискиот авион над источна Украина.
„Конкретно, евроатланските сили бараат од Србија јавно да ја посочи власта во Кремљ како главен виновник за трагедијата и со тоа Србија практично да и го „сврти грбот“ на Русија, така што ќе и воведе санкции“, пишува Новости.
Новости додава дека западните дипломати не се заинтересирани и за чисто економските и крајно рационалните аргументи на Белград, како што е фактот дека само од изградбата на гасоводот „Јужен тек“, Србија ќе оствари приход од 350 милиони долари годишно.
Српскиот премиер Александар Вучиќ во меѓувреме го повторил ставот дека Србија не може да и воведе санкции на Русија, и дека за ваквата позиција има морални, историски, но и практични и економски причини.
„Владата на Србија води политика на евроинтеграции, ја доби довербата од српските граѓани за да води политика на добри односи и со Руската Федерација, и ќе продолжиме да водиме таква политика. Нашите пријатели со нас не разговараат на јазик со ултиматуми. Никој со нас не може да разговара на тој начин, а јас попрво не би бил претседател на српската влада, отколку да дозволам такво нешто“, порачал Вучиќ во средата.
Според Новости, Западот сепак бара пред почетокот на септември Србија целосно да расчисти сама со себе – или ќе застане рамо до рамо со ЕУ и САД, или ќе продолжи да води стратешки билатерални односи со Русија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.
Регион
(Фото) Загина планинар во Црна Гора
Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за исчезнат во саботата. Спасувачи од Косово и Црна Гора учествуваа во потрагата, а беа известени од хрватски планинари, соопшти Косовската планинска служба за спасување.
Косовската планинска служба за спасување доби повик од косовската полиција во саботата, 21 февруари, за несреќа што се случила на врвот Хајла, на надморска височина од 2.407 метри. Според првичните информации, SOS пораката ја испратила група хрватски планинари. Тие пријавиле дека црногорскиот планинар се лизнал и паднал во клисура на северната падина од врвот и дека изгубиле секаков контакт со него.
Временските услови во областа биле исклучително тешки, што значително ја комплицирало операцијата за пребарување и спасување. Веднаш по приемот на повикот, Косовската планинска служба распоредила тим планински спасувачи и започнала со координирање на операцијата со колегите од Планинската служба за спасување на Црна Гора. Со оглед на географската локација на местото на несреќата и итноста на ситуацијата, започна прекугранична операција.
Екипите, во тесна соработка со црногорските власти и локалните планинари од Рожаје, ја започнаа операцијата во доцните вечерни часови.
Сепак, поради тешките временски услови и слабата видливост, потрагата беше прекината од безбедносни причини и беше одлучено да продолжи во утринските часови.
Во недела, 22 февруари, за време на обемна потрага што се одвиваше во два правци, беше пронајдено безживотното тело на планинарот Ц.Ф..
Телото беше лоцирано на локација позната како „Јама“, на северните падини на Хајла, на територијата на Црна Гора. По завршувањето на процедурите, телото беше транспортирано и предадено на надлежните институции.

