Регион
Вечерње новости: Хрватските и бугарските европратеници контра Србија

Претставувањето на годинешниот извештај за Србија, изработен во позитивен тон од страна на германскиот европратеник Дејвид Мекалистер во средата беше уште една прилика српските соседи да излезат во бројни барања, без можност Србија да реплицира, пишува Вечерње новости.
На седницата на Европарламентот во Стразбур, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев инсистирал на Димитровград да му се врати името Цариброд, односно „овој српски град повеќе да не се нарекува по бугарскиот комунистички диктатор“.
Хрватските европратеници, пак, побарале од Србија да признае дека била агресор. „Хрватска не ја нападна Србија, туку Србија ја нападна Хрватска. Кога ќе нападнете една држава, мора да признаете дека сте извршиле агресија. Што ќе правите со бегалците, што ќе правите со стотиците силувани жени и со украденото богатство?“, запрашала хрватската европратеничка Ружа Томашиќ.
Останатите хрватски пратеници укажале на „гасењето на медиумите на малцинските јазици“, рехабилитацијата на четничкиот водач во текот на Втората светска војна Дража Михајловиќ, проблемот со автономијата на Војводина, а повикале и на признавање на Косово.
На Белград, исто така, му било забележано поради тоа што не ја усогласил својата надворешна политика со онаа на Брисел во однос на Русија, а голем број пратеници побарале и поголема слобода на медиумите.
По извештајот за Србија, од страна на австрискиот известувач Улрика Луначек бил претставен и текстот за Косово, во кој било побарано од страна на петте преостанати земји членки да ја признаат независноста на Косово. Шпанскиот европратеник Хавиер Коузо Пермуј навел дека таа „држава“ настанала преку бомбардирање, и дека во моментов Косово се наоѓа под „мафијашка контрола и тамошните раководители се обвинети за злосторства“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.