Регион
Влегувањето на Бугарија и Романија во Шенген е дел од решавањето на бегалската криза
Како земја која е дел од рутата на бегалски струи, Бугарија има голем интерес од општа имиграциска политика на Европската унија (ЕУ), а заедно со тоа таа треба стане и дел од Шенген зоната, исклучително важен услов за безбедност на земјата, но и за цела Европа, изјавила во средата бугарската вицепремиерка за европски политики и институционални прашања Меглена Кунева, пренесуваат бугарските медиуми.
Како коментар на говорот на претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод Јункер околу моменталната состојба на Унијата и справувањето со бегалската криза, Кунева изјавила дека смета оти предложените мерки на Јункер во голема мера се совпаѓаат со ставот на бугарската влада – како Бугарија, така и ЕК инсистира за разгледување на Даблинскиот договор, зајакнување на службата на ЕУ за заштита на границите „Фронтекс“ и зајакнување на капацитетите на службите за миграција .
„Фактот дека ЕК исто така ќе работи за заедничка имиграциска политика е многу важен, бидејќи Унијата не може да постигне реално решение на кризата со 28 различни системи на азил и миграција. Добро е тоа што ЕК направи барање за разграничување на бегалците од економските мигранти и создавање на листа со сигурни земји“, смета Кунева.
За предложените квоти, бугарската вицепремиерка изјавила дека Бугарија ќе го брани принципот на солидарност, но е категорична дека конкретните бројки ќе бидат анализирани и ќе се процени дали се фер, во однос на различните критериуми за утврдување – БДП, ниво на невработеност, стапка на имигранти итн.
Кунева нагласила дека квотите треба да важат за сите земји во ЕУ, бидејќи проблемот е заеднички за целата ЕУ.
„Ако посиромашните земји како нас се согласиле со првичниот план за прием на 500 бегалци, тогаш сите земји треба да се согласат. Прашањето е како за солидарност, така и за хуманост“, рекла таа, додавајќи дека дел од решавањето на бегалскиот проблем во Европа е Бугарија и Романија да станат член на Шенген зоната, а потребно е тоа да се случи сега, кога се дискутира за промени во обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.