Регион
ВН: Црногорските власти се откажаа од обвинувањата за тероризам против 17 српски државјани
Црногорското Специјално државно обвинителство се откажа од обвинувањата за тероризам против 17 од 20 осомничени српски државјани, кои во земјата беа уапсени на 16-ти октомври, пишуваат Вечерње новости.
Лицата беа осомничени дека на изборниот ден планирале упад во зградата на државниот парламент и апсење на премиерот Мило Ѓукановиќ. Според сознанијата на Новости, тројца од нив се товарат за создавање на криминална организација, додека Братислав Дикиќ, поранешен шеф на српската жандармерија, Кристина Христиќ и Александар Синѓелиќ, кој се наоѓа во бегство, се сомничат за тероризам.
Спектакуларната акција на апсењата на невооружени српски државјани на денот на одржувањето на парламентанрите избори во Црна Гора ги крена на нозе сите државни служби, власти но и опозиција. Додека првите укажуваат на „црното сценарио“ кое требаше да ја втурне Црна Гора во хаос и жртви, опозицијата од самиот почеток се сомневаше во „трик на владејачката ДПС на денот на изборите“.
Црногорскиот министер за внатрешни работи Горан Даниловиќ соопштил дека транскриптот на снимените разговори помеѓу Дикиќ и Синѓелиќ, објавен потоа во медиумите, бил „наместен“.
„Тоа би значело дека Дикиќ е во Црна Гора, а Синѓелиќ во Србија. Потсетувам дека Дикиќ беше уапсен утрото на денот на изборите, по неговото пристигнување во Црна Гора. Тоа би значело дека пет дена пред тој да дојде, веќе бил во Црна Гора. Јас сигурно знам, а знаат и специјалниот и врховниот државен обвинител, како и премиерот, дека таа комуникација не постоела“, рекол Даниловиќ.
Наводниот план на „терористите“ бил за време на прогласувањето на резултатите на од парламентарните избори, со употреба на оружје да ги нападнат насобраните граѓаните пред Собранието на Црна Гора и службениците на Управата на полицијата, а потоа да ги заземат просториите на парламентот, со намера да прогласат изборна победа на одредени политички партии и да го уапсат премиерот Ѓукановиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

