Регион
Во БиХ има повеќе гласачи отколку жители
На парламентарните избори кои ќе се одржат на 12-ти октомври, Босна и Херцеговина (БиХ) влегува со парадокс, бидејќи во некои градови ќе има повеќе гласачи отколку жители, пренесува Танјуг.
На пример, според податоците на босанската Централна изборна комисија (ЦИК), во општината Козарска Дубица, право на глас на последните локални избори имале 23.696 граѓани, додека прелиминарните податоци од 2013 година покажуваат дека во оваа општина живеат 23.074 жители.
Слична е и во Босанска Крупа, каде според податоците на ЦИК, право на глас имаат 1.799 граѓани, а пописот покажал дека вкупниот број жители во општината изнесува 1.687.
Експертите и претставниците на цивилниот сектор се согласуваат дека со резулатите од пописот и со избирачкиот список нешто не е во ред, но мислењата се поделени околу тоа кои бројки не се точни.
Во Заводот за статистика на Република Српска, кој учествуваше во спроведувањето на последниот попис, тврдат дека единствено тие имаат вистинско истражување кое го дава реалниот број на населението, и дека на резултатите од пописот апсолутно може да им се верува, пишува Nezavisne novine.
Вехад Шехиќ, претставник на коалицијата „Под лупа“, која обединува седум невладини организации од БиХ, изјавил дека е јасно оти во овој случај потфрил пописот, и дека податоците се неточни.
Според него, една од најбитните работи која треба да се направи за парламентарните избори е спречувањето на „изборниот инжинеринг“, односно појавувањето на луѓето кои за време на изборите се пријавуваат во одредена општина, а по изборите се враќаат во местото каде што навистина живеат.
Портпаролката на босанксата ЦИК, Максида Пириќ изјави дека од 2006 година се врши пасивна регистрација на избирачите во БиХ и дека сите оние кои вадат лична карта и стануваат полнолетни, автоматски се запишуваат во централниот избирачки список, а до крајот на август треба да биде познато колку граѓани ќе имаат право на глас./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија ја зголемува безбедноста во рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас пред преземањето
Бугарија ја зајакнува безбедноста на копно, вода и во воздух, вклучително и системот за заштита од дронови, во објектите на „Лукоил“ на нејзина територија, пред планираното преземање на фабриката, објави денес бугарската влада.
Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) денес влезе во канцелариите на компанијата „Лукоил“ во земјата и во рафинеријата во Бургас и започна со инспекции, објави Бугарското национално радио (БНР).
Според соопштението на кабинетот, во Бургас се распоредени единици на воена полиција и системи против дронови, додека Министерството за внатрешни работи спроведува зголемени контроли на сите возила што влегуваат во периметарот на објектот, вклучително и проверки за експлозивни направи.
Владата во Софија наведува дека мерките се „исклучиво превентивни“ и имаат за цел да ја зачуваат безбедноста на енергетските објекти означени како критична инфраструктура, објавува Ројтерс.
Во петок, бугарскиот парламент усвои измени на Законот за административно регулирање на економските активности поврзани со нафта и нафтени производи, со кои се даваат вонредни овластувања на идниот специјален менаџер на компанијата Лукоил во таа земја, пишуваат медиумите.
Врз основа на новите овластувања, управителот ќе може да ја продаде рафинеријата во Бургас, а рускиот „Лукоил“, кој досега управуваше со рафинеријата, повеќе нема да има право на глас ниту можност за жалба на одлуката за преземање.
Американските и британските санкции против руските енергетски гиганти Лукоил и Роснефт, воведени минатиот месец поради војната во Украина, извршија притисок врз владите на земјите-членки на Европската Унија кои продолжуваат да зависат од руските деривати.
Бугарската рафинерија во Бургас е од стратешко значење за снабдувањето со гориво во регионот, а властите во Софија стравуваат од можни прекини во синџирите на снабдување доколку дојде до целосен прекин на работењето на „Лукоил“, според написите.
Министерот за економија Петар Дилов изрази верување дека Бугарија, како и Унгарија, ќе добие ослободување од американските санкции за рафинеријата „Лукоил“.
Според него, Бугарија, за разлика од Унгарија, не работи со руска нафта повеќе од една година.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Вучиќ ѝ се јавил на Дијана Хрка за да ја замоли да го прекине штрајкот со глад, таа вели дека не се чувствува добро
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово лично им се јавил на Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ, двајцата активисти кои веќе неколку дена штрајкуваат со глад во Собранието.
„Разговарав по телефон со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад и ја поканив госпоѓата Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје, се молам и се надевам дека ќе донесат одлука за прекин на штрајкот“, изјави Вучиќ.
View this post on Instagram
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при пад на натстрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад веќе девет дена.
Во изјава за агенцијата ФоНет, Хрка потврди дека не се чувствува добро и дека не е во состојба да коментира за повикот на претседателот. „Не можам да зборувам за тоа сега. Моментално лежам и не сум баш добро“, изјави таа.
Претходно Хрка изјави дека нема да го прекине штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја работат својата работа.
Регион
(Видео) Татко и син предизвикаа несреќа во БиХ, па се степаа: потоа синот тргна да гази луѓе со својот автомобил
Драма се одвиваше вчера во местото Трнови во близина на Велика Кладуша, каде што сообраќајна несреќа прерасна во физичка пресметка, а потоа и во обид за прегазување луѓе со автомобил.
Според очевидци, во инцидентот биле вклучени татко и син, а вознемирувачките снимки од настанот бргу се проширија на социјалните мрежи.
Otac i sin prave haos u Kladuši pic.twitter.com/XSMBk5wTPd
— Doznajemo (@Doznajemo) November 9, 2025
Сè почна кога „голфот“ премина во спротивната лента и предизвика судир. По несреќата, двајцата мажи во „голфот“ застанаа на блиска раскрсница, каде што ситуацијата ескалира.
Набргу избувна вербална, а потоа и физичка пресметка со други учесници во сообраќајот. Двајцата од „голфот“ се судрија со возачот на сив автомобил, кој не беше вклучен во несреќата, и го удрија. Според снимките објавени на интернет, возачот на „голфот“ исто така беше погоден во тепачката по што неговиот сопатник седна зад воланот, го запали моторот и возеше со полн гас кон групата луѓе со кои штотуку се расправаа.
View this post on Instagram
Потоа го сврте автомобилот и повторно се залета во луѓето.
Во хаосот што настанал е повредено најмалку едно лице. Според првичните информации, повредениот пешак е префрлен во болница.
фото: принтскрин

