Регион
Во БиХ уапсени тројца осомничени за подготовка на напад во Скандинавија

Државната полициска агенција SIPA во БиХ во меѓународна антитерористичка акција во петокот уапсила тројца босанскохерцеговски и еден шведски државјанин кои кај себе имале експлозивна направа која требало да ја достават во една скандинавска земја за извршување терористички напад, соопшти SIPA.
Во соработка со полициските агенции од Шведска и Холандија, како и со полицијата на ентитетот Република Српска, во погранична област уапсени три лица и спречени се во префрлување на импровизирана експлозивна направа преку граничен премин. Едно лице истовремено е уапсени на подрачјето на Сараево, се наведува во соопштението на SIPA.
Уапсените се осомничени за тероризам, и дека по нарачка на територијата на Босна и Херцеговина изработиле експлозивна направа којашто планирале да ја испорачаат во една од скандинавските земји поради извршување терористички напад, се истакнува во споменатото соопштение.
Од SIPA објавија дека во акцијата под кодно име „Бенелукс“ која била спроведена по налог на Државното обвинителство на БиХ се уапсени лица кои се идентификувани само со иницијали и на возраст од 40 до 53 години. Се додава дека во тек се претреси на локации на подрачјето на Сараево за пронаоѓање и одземање предмети кои може да послужат како докази во натамошната постапка. /крај/мф/сн
Извор: Dnevni Avaz
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.