Регион
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/srbija20kosovo-3.jpg)
Во Брисел во понеделник продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво, а за првпат улогата на посредник ќе ја извршува високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Се очекува двете делегации, кои ќе бидат предводени од српскиот премиер Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Иса Мустафа, да го довршат договорот во областа на правосудството, а можно е на дневен ред да се разговара и за судбината на рудникот „Трепча“, како и учеството на Србите во косовските институции.
Меѓу најважните отворени прашања за кои разговараат двете страни се формирањето на Заедницата на српските општини, енергетиката и телекомуникациите, пренесуваат српските медиуми./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Grcija-1.jpg)
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/dodik-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.