Регион
Во експлозијата во Истанбул петмина повредени

Пет лица се ранети во вторникот навечер во експлозијата на најверојатно импровизирана граната во близина на една постојка на подземната железница во Истанбул, и не се потврдени претходните информации за едно загинато лице, соопшти градоначалникот на општината.
Експлозијата одекна по 17 часот по локално време во време на сообраќајниот шпиц во областа Бајрампаша на европскиот брег од Истанбул, кој изминатиот период беше сцена на бомбашки напади на екстремистички групи и големи полициски акции во кои беа уапсени стотици осомничени припадници на тие групации.Новинската агенција Dogan, повикувајќи се на извори во безбедносните служби, пренесува дека експлозијата по која беше делумно сопрен сообраќајот на истанбулското метро, ја предзивикалата експлозивна направа сокриена во цевка и поставена на мост кој води до надземна станица на метрото.„Петмина наши сограѓани се ранети во детонација на импровизирана експлозивна направа“, изјави градоначалникот на округот Бајрампаша, Атила Ајдинер за телевизијата Haber.Неколку медиуми наведуваат дека можеби станува збор за експлозија на електричен трансформатор. За сега официјални извори не ја потврдуваат ниедна од претпоставките. Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, изјави дека само таа линија од метрото била затворена поради мистериозната експлозија, иако веста брзо се прошири преку социјалните мрежи и многу граѓани јавуваа дека слушнале експлозија.Од детонацијата биле искршени прозорците на еден вагон, а патниците брзо биле евакуирани, додаде Шахин пренесе весникот Hurriyet./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Згмечен автобус откако удри во друг автобус во Осиек, бројот на повредени се искачи на 20 лица

Дваесет лица се повредени во судир на два градски автобуси што се случи утринава на раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на Осиек.
Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со десет патници кога во него удрил друг автобус со 20 патници.
Во болница се примени 20 повредени лица, а засега ниту едно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување на причините за несреќата, посочи градоначалникот.
Тој додаде дека автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед, а во февруари периодичен технички преглед, кој не констатирал недостатоци.
Градоначалникот Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување. Од КБЦ Осиек потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинска помош е во тек, а според првичните информации ниту една од повредите не е опасна по живот.
Регион
Млад човек тешко повреден во Белград: добил струен удар откако се качил на локомотива

Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград.
Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело.
Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош.
Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот центар во Белград, а за случајот е известено и обвинителството.
Регион
Српскиот народ се сеќава и не ги заборава своите жртви: Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија

Се додека српскиот народ е обединет, никој нема да го потчини – ниту со бомби, ниту со уцени, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија и српскиот народ.
„На денешен ден се сеќаваме на страшните моменти кога НАТО, без одлука на Советот за безбедност, почна брутална агресија против Србија и српскиот народ. Не бомбардираа 78 дена. Убија деца, уништуваа болници, училишта, мостови, железници. Не избираа цели – го избраа народот“, рече Додик.
Тој потсети дека во тоа страшно бомбардирање на НАТО загинале Ристан, Милица, Бојана… и илјадници други невини луѓе, а биле убиени само затоа што биле Срби и затоа што се осмелиле да бидат слободни.