Регион
Во Грција 48-часовен штрајк во јавниот сообраќај
Покрај вработените во царината и работниците во јавниот сообраќај во Атина во саботата започнаа 48-часовен штрајк пред гласањето во грчкиот парламент за зголемувањето на даночните стапки за да се соберат пари за исплата на заемите од меѓународните кредитори.
На штрајкот му се придружија вработените во подземната железници, во трамвајскиот и железничкиот транспорт, со што од саботата е парализиран сообраќајот во грчката престолнина, кој може да се прошири и на другите градови. Од неделата на штрајкот ќе му се приклучат и возачите на автобуси.
Со овој „предупредувачки“ штрајк, вработените во јавниот транспорт го искажуваат незадоволството од предлогот за новиот закон со кој грчката влада сака да собере 1,8 милијарди евра преку зголемените даноци на горивата и услугите во угостителството, како и во јавниот сообраќај.
Грчкиот парламент мора да ги прифати овие мерки за да се соберат доволно средства за земјата да може на меѓународните кредитори – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд да им го отплатува заемот од 86 милијарди евра од третиот пакет помош и да започне да преговара за намалувањето на грчкиот долг.
Парламентарните пратеници треба за законот да гласаат во недела навечер.
Данокот на пијалак и храна,вклучително и консумациите во рестораните и баровите, би се зголемиле од 23 на 24 отсто, според новиот закон. Данокот на билетите за локалниот и меѓуградскиот јавен сообраќај, исто така, би се зголемиле на 24 отсто.
Поголема стапка за данокот на додадена вредност (ДДВ) се воведува и на цигарите, на фиксните телефонски линии и на телевизиската претплата. Зголемените давачки и намети за хотелското сместување во Грција ќе бидат воведени од 2018 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

