Регион
Во Истанбул при полетување експлодираше мотор на авион

Еден од моторите на авион на иранската воздухопловна компанија „Qeshm Airlines“, експлодирал во петокот утрото за време на полетувањето од меѓународниот аеродром „Ататурк“ крај Истанбул, пренесуваат турските медиуми.
„Десниот мотор на авионот ‘Airbus-300B4’ експлодирал на пистата при достигнувањето на потребната брзина. Пилотот успеал да го сопре авионот пред огнот да го зафати целиот мотор“, се наведува во соопштението што го цитира агенцијата Dogan.
Кон авионот веднаш биле испратени неколку противпожарни возила, како и спасувачки и медицински екипи, дежурни на аеродромот. Според извештаите, нема ниеден повреден патник или член на екипажот. Сите биле вратени во аеродромската страна, а подоцна со друг лет заминале кон нивната дестинација, иранската престолнина Техеран.
Очевидци за агенцијата изјавиле дека експлозијата се слушнала непосредно пред пилотот да започне со кревањето на леталото во зоната на полетувањето, кога моторот експлодирал и се запалил. Многу делови од моторот биле расфрлени по пистата, но таа набрзо во 5 часот изутрина била расчистена./крај/мф/сн
Извор: Doğan News Agency
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.