Регион
Во Словенија истрага против 28 лица поради криминал во банките
Истрагата која треба да доведе до виновниците за загубите коишто со години се акумулирале во словенечките банки е приоритет за тамошното државно обвинителство, а засега се водат постапки против 28 лица, потврди во саботата во разговор за новинската агенција STA, Хариј Фурлан, кој го води специјалното обвинителство за економски криминал.
Истрагата која треба да доведе до виновниците за загубите коишто со години се акумулирале во словенечките банки е приоритет за тамошното државно обвинителство, а засега се водат постапки против 28 лица, потврди во саботата во разговор за новинската агенција STA, Хариј Фурлан, кој го води специјалното обвинителство за економски криминал.
„На тоа му дадовме приоритет и на тоа работат десет обвинители“, вели Хариј Фурлан, додавајќи дека засега во осум предмети се покренати истраги против 28 лица, а се сомничат за стекнување противправна материјална полза поголема од 50 милиони евра.
Прашањето на ткн „банкарска дупка“, коишто некои медиуми во Словенија ја проценуваат дури на 15 отсто од бруто домашниот производ (БДП) и поради којашто државата во 2013 и 2014 година мораше да ги санира и докапитализира банките со повеќе милијарди евра, како и нивните со години акумулирани лоши ненаплатливи кредити да ги префрли во ткн „лоша банка“, со години е важно политички прашање.
Дека таа проблематика ќе биде истражена и процесуирана се обврза со коалицискиот договор и новата влада на премиерот Миро Церар, која формираше и специјална меѓуресорска група којашто се занимава со истражување на одливот на капиталот на словенечките богаташи во странство.
Фурлан во разговорот вели и дека меѓу осомничените има и пониски банкарски службеници кои само ги потпишувале кредитите на тајкуните коишто подоцна не можеле да се вратат, а и членови на управи на банки и на нивните надзорни одбори.
„Доколку има докази за кривични дела против директорите на банките, ќе ги гониме и нив, меѓутоа проблем претставува да се соберат докази“, вели Фурлан додавајќи дека е потешко докажувањето на економскиот криминал на највисоките нивоа.
„Колку некој е повисоко на скалилото, толку е потешко да се дојде до него, бидејќи има посредни извршители зад кои може да се сокрие. Тоа се кривични дела кои не настанале во момент, туку долго се планирани, а оние коишто ги планирале биле претпазливи бидејќи знаеле дека може да дојдат под истрага“, вели Фурлан.
Додава и дека во последниот период истрагата добро соработува со структурите во банките и во централната банка на земјата, и покрај првичните резерви и стравувања дека откривањето на некои податоци на полицијата би можело да предизвика штета кај клиентите кои бараат почитување на банкарската тајност./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

