Регион
Во Словенија најден урнатиот спортски авион, тројца мртви

Словенечката служба за спасување соопшти дека по петчасовна потрага во текот на ноќта кон петокот го пронашле малиот спортски авион кој во четвртокот се урна во областа на Бовeц, во северозападниот дел од земјата, и дека притоа се најдени телата на три жртви.
Остатоците од авионот биле откриени околу еден час по полноќ, во текот на операцијата за пребарување на тешко пристапниот терен, во којашто покрај припадниците на горската служба за спасување, учествувала и полицијата и еден воен хеликоптер. Се дознава дека сите загинати се словенечки државјани, а истрагата за причините за несреќата ќе продолжи во текот на петокот.
Полициската управа од Нова Горица во четвртокот ноќта објави дека помал авион од типот „Piper 28“ во кој биле 31-годишен пилот и два патника полетал во 17,35 часот од спортскиот аеродром во Бовeц, а требало да слета на љубљанскиот аеродром Брник.
Пилотот малку пред 20 часот испратил повик за помош, по што е загубен контактот со леталото. Неофицијално се дознава дека тројцата загинати се словенечки државјани од Морска Собота.
Се претпоставува дека причина за несреќата се лошите временски услови. Станува збор за втор пад на спортски аеродром во Словенија за речиси еден месец, откако авион во прелет над земјата загинаа четворица германски државјани на пат до Италија за Германија./крај/мф/сн
Извор: Delo
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен „Говор до нацијата“ пред Европскиот парламент, таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји-членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.
Регион
(Видео) Лекарите и студентите по медицина протестираат во Нови Сад: „Ние преврзуваме, вие претепувате“

Српската полиција во опрема за разбивање на демонстрации, поради чие присуство и грубо постапување неодамна беа организирани големи протести во Нови Сад, денес ја напушти зградата на Филозофскиот факултет за да се префрли во зградата на Универзитетскиот ректорат, како што објавија српските медиуми.
„Полицијата не го напушти студентскиот кампус, туку отишла во канцеларијата на ректоратот, која ја „окупирала“ по големиот студентски протест во саботата навечер, а на покана на ректорот“, објави порталот 021.рс.
Полицијата била на универзитетот 13 дена затоа што деканот повикал на интервенција, по што се заклучил во зградата и ги избркал студентите, според регионалниот медиум Н1, додавајќи дека по тоа започнале студентски и граѓански протести, за кои полицијата остро интервенирала за да ги смири.
Ispred Poliklinike KCV. pic.twitter.com/eiGj6RtZWE
— Miodrag Bebić (@miodrag_bebic) September 8, 2025
Студентите веќе немаат пристап ниту до канцеларијата на ректоратот, во која влегла интервентната полиција на покана на деканот Дејан Мадиќ, па се заедно со некои незадоволни професори пред администрацијата на Универзитетот. Министерот за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека состојбата на Филозофскиот факултет во Нови Сад се „нормализира“ и додаде дека тоа е очигледно и од фактот дека 1.300 студенти се пријавиле за полагање на испитот и дека во зградата повеќе нема студенти во блокада, кои ги нарече блокатори.
„Никој не ме информираше за тоа, но фактот дека 1.300 студенти сакаат да влезат и дека повеќе нема блокади во самата зграда е доволен показател дека работите се нормализираат“, рече Станковиќ на телевизијата К1. Во Нови Сад, медицинските работници и студентите на Медицинскиот факултет денес протестираа пред Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ).
Протестот „Ние преврзуваме, вие претепувате“ беше организиран поради полициската бруталност што кулминираше пред три дена, за време на големиот митинг во Нови Сад, каде што полицајците не ги поштедија ниту медицинските лица кои им пружаа помош на повредените граѓани, па дури и приведоа лекар додека им пружаше помош, објави Н1.
фото: принтскрин