Регион
Во Турција притворени двајца припадници на IS за можен напад на Нова година

Турската полиција во средата притворила две лица осомничени за припадност на терористичката организација Исламска држава (IS) за кои се верува дека се вмешани во подготовка на самоубиствен напад во главниот град Анкара за Нова година, изјавил владин функционер.
Неименуваниот функционер за Reuters рекол дека постојат сомневања оти двајцата мажи, коишто во Турција влегле од Сирија, подготвувале напад на Плоштатод Кизилај во центарот на Анкара, каде што вообичаено се собираат мноштво граѓани на дочекот на Новата година.
Портпаролот на антитерористичкиот оддел на полицијата во Анкара одбил да го коментира случајот.
Во двојниот самоубиствен бомбашки напад за кој се обвинува Исламската држава во октомври на железничката станица во Анкара беа убиени повеќе од сто луѓе, а турските власти ги зајакнаа напорите во справувањето со тероризмот.
Турција има 900 километри долга граница со Сирија, а дел од неа од сириската страна е под контрола на Исламската држава, и од почетокот на војната во Сирија во март 2011 година се користи како рута за странските џихадистички борци./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.