Регион
Во Турција уапсен милитант за убиството на пилотот на соборениот руски авион
Турските власти го уапсиле милитантот бунтовник Алпарслан Челик, кој претходно ја презема одговорноста за убиството на рускиот пилот Олег Пешков, пилотот кој се катапултираше од рускиот бомбардер „Су-24М“ кого крај сириско-турската граница го соборија турски ловци, пишува во четвртокот турскиот дневен весник Hurriyet.
Алпарслан Челил се вратил во Турција од Сирија, каде што војувал на страна на сириските исламистички бунтовници против сириските владини сили, а бил уапсен во средата вечерта во западниот град Измир во еден од тамошните ресторани. Причината за неговото притворање официјално не е соопштена.
Рускиот пилот кој се катапултирал откако неговиот авион „Су-24М“ бил убиен од припадниците на турската ултранационалистичка организација „Сиви Волци“ водена од Алпарслан Челик, покажуваат видоаматеријалите коишто беа објавени на интернет истовремено по соборувањето на авионот што предизвика остро заладување на односите меѓу Москва и Анкара и продолжена конфронтација.
На видео материјалот што ланскиот номеври го пренесоа турските медиуми, се наведува дека споменатиот Алпаслан Челик и „неговите соборци пукаа врз пилотот откако авионот бил погоден од турскиот F-16“. Истовремено тие тврдеа дека пронашле две тела на загинати пилоти, а не на еден, но подоцна се покажа дека едниот е спасен во операција на извлекување што ја изведоа руските маринци и сириските специјалци.
На интернет, исто така, бунтовниците два дена по инцидентот поставија видео на кое беа прикажани борци собрани околу мртво тело на лице во пилотска униформа, кои извикуваат пофалби на Алах и жалат што не го запалиле телото.
Турски и западните медиуми објавија дека руските пилоти се приземјиле на територијата во Сирија којашто ја контролираат сириските Туркмени бунтовници кои се поддржувани и вооружувани од Турција. Претходните години во тамошните медиуми се појавуваа написи дека во спомената област дејствува групата на ултранационалистите „Сиви волци“ кои ги предводи Алпарслан Челик, државјанин на Турција, роден во градот Кебан. Познато е, исто така, дека тој е син на поранешниот градоначалник на овој град, Рамазан Челик. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

