Регион
Во Турција уапсени 6 странски џихадисти пред посетата на Меркел
Турската полиција уапсила шест странски државјани во градот Коња во централниот дел од земјата, во текот на разија насочена против екстремната сунитска организација Исламска држава, соопшти канцеларијата на гувернерот на покраината Коња во саботата кога се очекува Турција да биде посетена од германската премиерка Ангела Меркел и други челници на Европската унија.
Како што дознава агенцијата Reuters, операцијата за апсење лица осомничени дека се поврзани со џихадистичката група била изведена ноќта кон саботата, со цел да се спречат евентуални активности на милитантите.
Апсењата биле извршени само неколку часа пред очекуваното пристигнување на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, и германската канцеларка Ангела Меркел ќе пристигнат во Газиантеп на турскиот југ, во близина на сириската граница, каде што треба да посетат бегалски камп и ќе се сретнат со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Тие ќе се обидат да ја ублажат напнатоста околу договорот меѓу Брисел и Анкара за спречување на приливот на мигрантите во Европската унија.кра/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.