Регион
Во турската операција убиен 771 курдски бунтовник
Турската армија од почетокот на воената кампања во југоисточна Турција и во северен Ирак ред речиси еден месец убила 771 припадник на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).
Агенцијата Anadolu Agency (AA), чии податоци не може да се проверат од независни извори, наведува дека 430 од курдските герилци биел убиени во воздушните напади на турското воено возухопловство врз камповите на Работничка партија на Курдистан (PKK) во планинскиот предел Кандил во северната автономна покраина ирачки Курдистан. Другите 260 борци биле убиени во операциите во југоисточна Турција, го цитира агенцијата својот соговорник од военото разузнавање.
Насилствата се концентрирани на анадолскиот југоисток, населен со мнозинството Курди, кој беше сцена и на судирите од 1984 година.
Анкара на 24-ти јули ја започна својата антитерористичка операција, наводно против борците на Исламската држава иако досега се познати само три напада врз нивни позиции во Сирија, и се чини оти е концентрирана на борбата против PKK со што го прекина примирјето кое е на сила од 2013 година, против чии позиции досега се изведени повеќе десетици бомбардирања во кои има информации и за цивилни жртви.
Нападите против PKK предизвика одмазнички напади на турската територија против припадниците на безбедносните сили, во кои според процените на турските медиуми се убиени неколку десетици турски војници и полицајци. Околу 50 турски војници и полицајци се убиени од страна на PKK, од кои осум само во средата во експлозија на нагазна мина, пишува електронското издание на дневниот весник Hurriyert.
Притоа Курдите ја обвинуваат владејачката исламско-конзервативна Партија на правдата и развојот (AKP) за соучесништво со Исламската држава, бидејќи токму курдските борци во Сирија и во Ирак се покажаа како единствено способни да им се спротистават на џихадистите. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos

