Регион
Во турските воени бази пристигнуваат американски авиони и дронови

Американски воени авиони и беспилотни летала почнаа да пристигнуваат во турските воени бази и наскоро се очекува дека ќе биде покрената сеопфатна акција против џихадистите од Исламската држава, информираше во средата турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Властите во Анкара кон крајот на јуни официјално одобрија користење на турските воздухопловни бази и коалиционите авиони кои учествуваат во борбите против Исламската држава.
„Во согласност со нашиот договор со САД, остваривме напредок кога станува збор за отворање на нашите бази, а особено на базата Инџирлик“, рече Чавушоглу за турската телевизија ТРТ.
„Гледаме дека почнаа да пристигнуваат американски авиони и дронови, а наскоро сите заедно ќе покренеме сеопфатна акција против Исламската држава“, изјави турскиот министер. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.