Регион
Во Турција минатата седмица уапсени 1.682 обвинети за тероризам

Турските власти минатата седмица притвориле 1.682 лица во рацијата против осомничените дека се курдски милитанти, припадници на екстремната сунитска групација Исламска држава или следбеници на движењето кое го означуваат како FETO, на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, покажуваат податоците на турското министерство за внатрешни работи од понеделникот за што се наведува дека се акции во борбата против тероризмот.
Од наведената бројка, 516 луѓе се службено уапсени, од кои 426 се обвинети дека се приврзаници на имамот Фетулах Ѓулен кој живее од 1999 година во САД, 12 припадници на Исламската држава, и 78 кои се поврзани со милитнатните курдски групи. Уапсени се и четири борци на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), тврди владата.
Турските власти претходната седмица, пак, објавија дека привеле 924 лица, за кои се сомневаат дека се поврзани со PKK, и 88 осомничени припадници на Исламската држава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.