Регион
Втора средба на Рама и Вучиќ, прва во Тирана
Српскиот премиер Александар Вучиќ во среда ја започнува дводневната посета на Тирана, каде ќе се сретне со највисоките државни претставници на Албанија, а ќе има и разговори со својот албански колега Еди Рама, албанскиот претседател Бујар Нишани, претседателот на албанското Собрание Илир Мета, и градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша.
Првата историска посета на еден српски премиер на Албанија доаѓа во време на „нова криза на Балканот“, и половина година по размената на остри зборови меѓу двајцата премиери во Белград.
Светските медиуми тогаш пишуваа за кревките односи меѓу двете земји и тензичната атмосфера на прес конференцијата, со коментари дека таа средба била „уште една пропуштена шанса“. Меѓутоа, двете страни сега се многу поблаги тонови.
Во пресрет на посетата, српскиот премиер Вучиќ порачал дека нема да има никакви тешки пораки од Белград, додека пак албанскиот премиер Еди Рама порача дека Србија и Албанија треба да бидат за Балканот она што беа Франција и Германија за Европа.
Во српската делегација ќе биде и министерката Зорана Михајловиќ, која со своите албански колеги ќе разговара за изградбата на автопатот Ниш – Приштина до пристаништата во Албанија, како и за реконструкцијата на пругата преку Косово до Албанија.
„Мислам дека дојде, кога говориме за српско-албанските односи, да не се мрштиме и да мислиме околу проблемите. Меѓу останатото, тема ќе бидат и инфраструктурните проекти. Секако дека постојат различни мислења, но заедничката цел е да бидеме членки на ЕУ и да имаме животен стандард како европските демократии“, навела Михајловиќ.
Српските, албанските и странските аналитичари изминатите неколку дена посетата ја најавуваат како доста важна за регионот.
„Мене ме охрабрува желбата односите да се поправат и постават на некои нормални рамки на соработка“, изјавил советникот на албанскиот премиер Рама, Шкељзен Маличи.
За време на официјалната посета на Вучиќ на Тирана безбедносните мерки ќе бидат подигнати на највисок степен, контролата ќе биде вршена од копно и од воздух, а ќе бидат вклучени и припадниците на антитерористичките единици, пренесуваат албанските медиуми.
На терен ќе бидат ангажирани голем број на полицијаци и гардисти, потоа припадници на службите за безбедност, како и припадници на албанската Дирекција за борба против тероризам. Контролата од воздух, пак, ќе ја вршат воени хеликоптер. Албанските медиуми додаваат дека предвиден е и специјален план за обезбедување на српската амбасада во Тирана, која практично ќе биде под „полициска опсада“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.