Регион
Вучиќ е уверен дека никој нема ја блокира Србија во европскиот пат

Српскиот премиер Александар Вучиќ е уверен дека никоја нема намера и желба да ја сопре Србија на нејзинот европски пат, и смета дека повторното воведување на шенгенските визи за српските граѓани нема да се оствари, пренесуваат српските медиуми.
„Ние ја почитуваме Европа, сакаме да бидеме дел од неа, но бараме да се почитува гласот на Србија и да го сочуваме својот национален идентитет и интегритет“, рекол Вучиќ во интервју за „Вечење новости“, на прашањето дали може да се случи Брисел да ја сопре евроинтеграцијата на Србија, доколку таа ја продолжи својата соработка со Москва.
Вучиќ повторил дека Србија нема да менува својата позиција во однос на Русија и верува дека тоа нема да го загрози европскиот пат.
„Секогаш ќе ги почитуваме ставовите на другите. Но народот нас не избра за да ја спроведеме политиката на српските интереси, а не интересите на другите земји. Тоа е наш одговор денес, а истиот ќе го дадеме и утре“, додал српскиот премиер.
Во однос на Косово, Вучиќ изјавил дека Берлин никогаш не побарал од Србија да не го попречува присуството на Косово во Обединетите нации (ОН).
„Верувам во зборот на германската канцеларка Ангела Меркел и сигурен сум дека Србија ќе ги отвори поглавјата 32 и 35 уште за време на оваа година“, рекол Вучиќ и додал дека не се точни тврдењата дека влегувањето на Србите во косовскиот Парламент, индиректно значи признавање на Косово./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.