Регион
Вучиќ: ЕУ да реагира на потезите на Приштина околу Бриселскиот договор

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека Белград очекува реакција на Брисел околу најавите од Приштина за суспендирање на договорот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесуваат српските медиуми.
Српскиот премиер додал дека се работи за одлука којашто ќе покрене многу прашања, вклучувајќи ги и оние што се од суштинско значење за Србија. Вучиќ изјавил дека веста околу одложувањето на формирањето на ЗСО доаѓа само еден дек откако Приштина беше практично наградена со потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ, но дека не го направила она што било предвидено со Бриселскиот договор.
Вучиќ додал дека 40 проценти од Бриселскиот договор се однесуваат на ЗСО, и дека ова е единственото нешто што Белград го побарал со цел да ги заштити Србите на Косово, како и тоа дека Приштина го добила ДСА пред Белград да го добие отворањето на поглавјата со ЕУ, а немало негативна реакција од српската страна.
„Ова отвора многу пошироки и поголеми прашања од тоа каков е односот на Приштина. Ова нам ни наметнува други, многу поважни и отворени прашања околу кои ние треба да размислиме, дали се исплаќа да се биде чесен и одговорен, да се исполнуваат сопствените обврски, а за ова да не се добие награда, или пак да не се исполнува ништо, а да се добие награда. Да не говорам и за другите прашања кои тука се отвораат, а кои не би сакал да ги напоменам денес“, рекол Вучиќ, кој се наоѓа во официјална посета на Русија.
Српскиот премиер најавил состанок на државниот врв, на кој би се проценило што се ова значи за суштинските и стратешките интереси на Србија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА.
Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година.
„Дали се согласувате дека Бугарија треба да ја воведе единствената европска валута „евро“ во 2026 година?“ е прашањето што би се поставило.
Владата го критикуваше ова, а еден министер рече дека тоа е обид за саботирање на нејзините напори за воведување на еврото.
Враќајќи го предлогот, Киселова рече дека тој е неконзистентен со неколку членови од бугарскиот устав и договорите на ЕУ, како и со одлуката на бугарскиот Уставен суд.
Бугарскиот Уставен суд претходно го отфрли барањето за организирање референдум за воведување на еврото.
Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка во јуни оценат дека земјата ги исполнила сите критериуми.
Регион
Вучиќ: Политичката волја на Србија е да биде на европскиот пат; Разбирам што мисли ЕУ за моето патување во Москва

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека никого не довел во заблуда со тоа дали ќе оди на прославата на Денот на победата во Москва.
„Србија, како што рече Кошта, секогаш е на европскиот пат и, како што рече, можеби има непослушен претседател, но тој претседател никогаш не го довел во прашање тој пат“, рече Вучиќ на прес-конференција.
„Многу сум среќен што имав можност да разговарам со претседателот на Европскиот совет и сум задоволен од содржината на нашите разговори. Му благодарам на претседателот Кошта за посетата на Србија, за тоа што донесе добра волја во разговорите за пристапување на Србија во Европската Унија“, рече Вучиќ на почетокот од своето обраќање.
Тој зборуваше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„Реков дека Србија е секогаш подготвена за разговори, дека никогаш не сме бегале од дијалог“, нагласи тој.
„Разговаравме и за неопходноста од спроведување реформи во нашата земја. ЕУ е најважниот партнер за нас. Имаме најголем обем на размена со ЕУ. Нашиот извоз е 52 процента од Западен Балкан. Важно е што 4 од 10-те најголеми извозници од нашата земја се инвеститори од ЕУ“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека со Кошта разговарал и за неговата посета на Москва.
„Добро знам и разбирам што мисли ЕУ за моето патување во Москва, што чувствуваат тие. Мислам дека е исклучително важно да повторам каква е политичката волја на Србија, а тоа е Србија да биде на европскиот пат, да го отвори Кластерот 3 што е можно побргу. Атмосферата не е толку добра поради патувањето во Москва. Верувам дека ќе има разбирање во Европа, напредок базиран на заслуги“, рече Вучиќ.
„Верувам дека ќе можеме да добиеме зелено светло. На секое место, и јас отсекогаш сум велел, дека сегашноста и иднината на Србија припаѓаат на соработката и членството во ЕУ. Многу добро ги разбирам нивните приговори дека не воведовме санкции врз Русија. Од самиот почеток Србија стоеше на принципи почитувајќи ја Повелбата на ОН“, рече Вучиќ.
„Се надевам дека ќе го завршам мојот мандат како претседател на Републиката, така што Србија ќе биде поблиску на патот кон ЕУ“, рече претседателот на Србија.
„Не е мое да слушам, туку да му служам на народот, јас сум претседател на Србија. Ја најавив мојата посета на Москва и никогаш не излажав, „непослушниот“ претседател никогаш не го доведе во прашање европскиот пат на Србија“, рече Вучиќ.
„Јас сум претседател на Србија и морам да се грижам за патот на нашата земја. Морам да ги замолам сите државни органи да работат на европскиот пат. Да се натпреваруваме во таа позитивна смисла“, додаде Вучиќ.
Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.