Регион
Вучиќ и Рама согласни дека комуникацијата меѓу Белград и Тирана мора да продолжи
Српскиот премиер Александар Вучиќ, по повод посетата на албанскиот премиер Еди Рама, која требаше да се одржи неделава но е одложена за 10-ти ноември, изјавил дека сите проблеми треба да се решат со разговор, но дека Србија нема да дозволи никој да ја понижи државата и народот, пренесува Танјуг.
„Мораме сите проблеми да ги решаваме преку разговор, но од друга страна, српската Влада мораше да покаже дека нема да дозволи никој да на понижува државата и народот“, изјавил Вучиќ за Блиц, додавајќи дека бил задоволен од разговорите со својот албански колега Рама.
Рама во разговорот порачал дека го радува и идната посета на Вучиќ на Тирана, а дека голема улога во договорот меѓу двајцата премиери одиграла и Германија, и разговорите кои Вучиќ ги остварил со германската канцеларка Ангела Меркел околу случувањата на натпреварот и посетата на Рама на Белград.
Фактот што посетата е одложена е последица на тврдот став на српската Влада дека нема да дозволи понижувања, изјавиле извори од српската Влада за Блиц, наведувајќи дека Вучиќ и Рама разговарале половина час.
Официјално било соопштено дека Вучиќ и Рама се согласиле во телефонски разговор за посетата на албанскиот премиер да биде одложена за 10-ти ноември.
Во заедничкото соопштение на двајцата премиери се наведува дека се согласиле оти инцидентите на стадинот во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, биле „доста несреќни“.
„И натаму постојат јасни несогласувања околу тоа како дојде до инцидентот, но дека не смееме и не сакаме да ја пропуштиме можноста да се состанеме и да работиме на одржување на регионалната стабилност“, нагласиле соговорниците.
„Време е да свртиме нова страница во политичките и економските односи меѓу Србија и Албанија“, заклучиле Вучиќ и Рама, додавајќи дека неохподно е да се продолжи дијалогот, започнат во Берлин на 28-ми август, за време на конференцијата за западен Балакн, бидејќи тоа ќе овозможи подобрување на односите меѓу двете земји, регионот, но и цела Европа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

