Регион
Вучиќ и Рама согласни дека за Косово не се согласни
Првата официјална посета на еден српски премиер на Албанија помина мирно, а претседателите на владите на Србиај и Албанија се согласија дека не се согласни по прашањето за Косово, пишува Б92.
Доаѓањето на српскиот премиер Александар Вучиќ во Тирана изминатите денови ги разбуди духовите и сеќавањата од случувањата во Белград, кога неговиот албански колега Еди Рама на заедничката прес конференција ја искористи приликата и покрај дипломатските процедури, ја промовираше независнсота на јужната српска покраина, коментираат српските медиуми.
Изненадувачка беше и веста од пред неколку недели од Сараево, кога Вучиќ рече дека ќе ја посети Тирана, бидејќи претходно немаше такви најави. Една од причините за оваа негова одлука е и терористичкиот напад кој група косовски Албанци и ветерани на ОВК го изврши во Куманово.
Вучиќ во босанската престолнина изјави дека ќе ја посети Тирана за да се обиде да предупреди против повторувањето на насилството во регионот и за да спречи „ново Куманово“.
Двајцата премиери по разговорите во четири очи констатираа дека постојат разлики во ставовите, а дека најголемата разлика е во врска со статусот на Косово.
Сепак, заедничката прес конференција помина без тонови кои се невообичаени за дипломатските средби, а по средбата со Рама, Вучиќ се состана и со останатите лидери на Албанија, претседателот Бујар Нишани, потоа со градоначалникот на Тирана, како и со претставниците на Србите во Албанија, кои констатирале дека нивната положба во земјата не е добра.
Покрај смирувањето на тензиите во регионот, српската делегација во Тирана разговарала и за економски, инфраструктурни и туристички теми, што претставува продолжување на процесот кој започна претходно оваа година, кога Тирана ја посетија српски министри и беа најавени разговори за заеднички проекти, како што е тоа автопатот Ниш – Тирана.
Од инцидентот со дронот на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Србија и Албанија во Белград и испадот на албанскиот премиер, односите на двете држави одат во сè подобра насока, а како што наведуваат некои странски медиуми, на тоа инсистирала германската канцеларка Ангела Меркел, која наскоро ќе ги посети главните градови на Србија и Албанија за да се увери во развојот на процесот на соработка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

