Регион
Вучиќ ја ужива довербата на околу два милиона гласачи

Српскиот премиер и лидер на владејачката Српска напредна партија(СНП) Александар Вучиќ има доверба од околу два милиона граѓани, поддршката на неговата партија е поголема од 50 отсто, а силата на опозицијата е многу мала, тврди во вторник директорот на агенцијата Ипсос Срѓан Богосављевиќ.
„Александар Вучиќ е уверливо прв по бројот на позитивни оценки и според тој показател е значително посилен од својата партија, но и по бројот на оние кои него го издвојуваат како прв во кој имаат доверба – а такви има околу два милиона“, рече Богосављевиќ за весникот „Данас“.
Според него, тоа покажува дека Вучиќ има значително поголема поддршка од онаа што претседателот Томислав Николиќ и неговиот претходник Борис Тадиќ ја имале во времето на својата најголема популарност. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.