Регион
Вучиќ: Ќе ја почитуваме волјата на ЕУ, без субвенции, но и без санкции за Русија

Србија ќе ја почитува волјата на Европската унија (ЕУ) и нема да дава субвенции за извоз на своите производи во Русија, но истовремено нема да воведе санкции за Москва, порачал во петокот српскиот премиер Александар Вучиќ.
Вучиќ потврдил дека пред два дена од заменик шефот на канцеларијата на ЕУ во Белград, Оскар Бенедикт добил документ со кој српската влада се повикува да се воздржи од какви и да се мерки за поттикнување на извозот во Русија, што практично значи да не се прошири српскиот извоз на рускиот пазар, и на тој начин да се замени извозот од земјите од ЕУ.
„Она што го добивме ќе го разгледаме на одговорен начин и одговорно ќе се однесуваме. Тоа е поблага форма од демарш, но не сакаме да ја потцениме содржината и би било неодговорно така да се однесуваме“, рекол Вучиќ.
Српскиот премиер напоменал дека нема потреба Србија да воведува нови, односно дополнителни субвенции за извоз на производи во Русија, но повторил дека ќе ја почитува волјата на ЕУ, бидејќи членството во Унијата е стратешка цел и српските граѓани гласале за таква политика.
Вучиќ додал дека не очекува санкции од ЕУ поради новонастанатата состојба, порачувајќи дека ја гледа Србија како успешна и модерна земја.
„Не очекувам никакви санкции, ниту, пак, Србија нешто да загуби со ова. Дали, пак, Србија може нешто да добие, тоа не зависи од Русите и Европејците, туку од нас самите“, порачал./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.