Регион
Вучиќ: Пред Западен Балкан е многу тежок период

Западен Балкан се наоѓа пред многу тежок период и работите се компликуваат, рече во четврток на прес конференција српскиот премиер Александар Вучиќ.
„Работите со Западен Балкан многу се компликуваат, постојат големи внатрешни проблеми на Косово, тоа постои и во Македонија, во Босна е сè поголема неизвесноста. Хрватска сака да го слави 5 август кога ние ќе плачеме. Со сè мораме да се соочиме и да го надминеме“, рече Вучиќ.
Тој наведе дека следните месец дена се клучни и дека веќе на 23 јули започнуваат тешки преговори меѓу Белград и Приштина.
„Многу тежок период е пред нас што можете да забележите и по моето лице. Никогаш не бев нешто особено убав, но сега не личам на ништо“, рече Вучиќ. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.