Регион
Вучиќ: Со Рама ќе разговараме за инвестициите, нема да има заедничка владина седница
Економскиот развој и инвестициите во регионот ќе бидат главната тема на разговор помеѓу српскиот премиер Александар Вучиќ и неговиот албански колега Еди Рама во октомври во Ниш, пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ исто така изјавил дека не се точни шпекулациите оти во Ниш ќе биде одржана и заедничка седница на владите на Србија и Албанија. Тој нагласил дека е доста важно Србија и Албанија заедно да работата на економските проекти, „кои ќе ги спојат двете држави и двата народи“. Таквите проекти ќе бидат од корист за граѓаните на двете држави, оценил Вучиќ, истакнувајќи дека Србија е подготвена за соработка.
„На тој состанок нема да бидат присутни косовскиот претседател Хашим Тачи и косовскиот премиер Иса Мустафа, туку само некои пониско рангирани косовски политички претставници“, напоменал Вучиќ, додавајќи дека во Ниш ќе дојдат и претприемачи, чија цел е засилување на економската соработка и можноста за „што повеќе албански фирми да тргуваат и соработуваат со српски компании“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

