Регион
Вучиќ: Суспендирањето на Турскиот тек е очекувано, потребно е ново решение
Суспендирањето на работите на проектот за гасоводот Турски тек, како против мерка на Москва поради турското уривање на рускиот борбен авион кај сириско-турската граница, беше очекувано, но „граѓаните не треба да се плашат дека ќе останат без гас“, изјави во петокот српскиот премиер Александар Вучиќ по неговата средба со австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц на маргините од 22-от Министерски совет на ОБСЕ.
Според Александар Вучиќ, неопходно е „да се најде ново решение, за да се заштитат економијата и граѓаните на Србија“. Премиерот истакна дека неговата земја „беше лојална“ на претходниот гасоводен проект Јужен тек и оти сé уште се надева дека заедно со партнерите од Европската унија и од Русија ќе биде изнајдено решени за прашањето за снабдувањето со гас.
„Се движиме кон градење на меѓусебно поврзување со Бугарија, но и до Бугарија гасот од некаде мора да дојде. Ќе градиме складиште од милијарда кубни метри газ… Ситуацијата за нас не е едноставна, не по наша вина, но ќе сториме сé што можеме“, рече Вучиќ.
Им порача на граѓаните на Србија да не стравуваат, уште еднаш истакнувајќи дека е неопходно да се изнајдат нови решенија.
Претходно во четвртокот рускиот министер за енергетика Александар Новак соопшти дека, во рамките на рестриктивните мерки на Москва кон Анкара за уривањето на рускиот бомбардер како што тврди над Сирија, „суспендирани се натамошните преговори за проектот Турскиот тек“.
Пред него, челникот на „Газпром, Алексеј Милер, за новинарите изјави дека „доколку на Анкара ѝ е потребен Турскиот тек, тогаш неопходно е да ѝ се обрати на Москва“.
„Што се однесува до Турскиот тек, во прв ред Турција треба да се обрати, доколку за неа тоа е од интерес. Во моментов турската страна не се обратила со тој предлог“, рече Милер.
На 1-ви декември владата на Русија, одлучи да ги суспендира активностите на мешовитата руско-турска комисија за трговско-економска соработка. Претходно извори запознаени со преговорите за руските медиуми изјави дека разговорите за Турскиот тек е бидат суспендирани во врска со суспендирањето на работата на меѓувладината комисија.
Се очекуваше, инаку, дека договорот меѓи владите на Русија и Турција за споменатиот проект може да биде потпишан во декември или јануари. Притоа разликите беа во тоа што Москва сметаше дека треба да се потпише договор за две линии на гасоводот Турски тек, додека Анката само за една.
Договорот за изградба на гасоводот Турски тек беше постигнат во декември 2014 година. Гасовод кој треба да оди преку Турција е осмислен како алтернатива за Јужниот тек, од кој се Москва поради пречките за коишто ја обвини Европската унија. Проектот Турски тек вклучува изградба на гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас на годишно ниво кои од Русија ќе бидат транспортирани во Турција преку Црното Море. Гасоводот во должина од околу 1.100 километри ќе се состои од четири раздели и до турско-грчката граница треба да носи до 47 милијарди кубни метри гас. Таму треба да биде создадена гасоводна мрежа (хаб), а земјите од Европската унија ќе треба самостојно да ги изградат своите капацитети за прифаќање на гасот на своите територии.
Во октомври челниците на рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека компанијата е ограничена на изградба на две линии од „Турски тек“, бидејќи растечките потреби од гас во Европа може да се покријат со гасоводот Северен тек 2.
Истовремено уште тогаш беше објавено дека преговорите за потпишување на меѓувладиниот договор е одложено поради политичката ситуација во Турција, кога тогаш се очекуваше избор на тамошната влада./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Албанија на суд поради ВИ министерката: Актерка ја тужи владата за злоупотреба на нејзиниот лик
Албанската министерка – првиот виртуелен државен функционер во светот, би можела да остане без својот препознатлив лик, откако актерката врз чии карактеристики е создаден дигиталниот аватар поднесе тужба против Владата на Албанија.
Премиерот Еди Рама во август 2025 година најави можност за именување министер или премиер заснован на вештачка интелигенција, а веќе во септември беше претставена Диела – вештачка функционерка задолжена за борба против корупцијата во јавните набавки.
Диела претходно беше позната како чат-бот на државниот портал e-Albania, а нејзиниот дигитален лик и глас биле креирани според актерката Анила Биша, врз основа на договор кој истекол на 31 декември 2025 година. Откако Диела добила министерска функција, нејзиниот лик бил прикажан и во обраќање до парламентот што се пренесувало низ целиот свет.
Според локалните медиуми, Биша поднела тужба против Владата, премиерот, приватната компанија која учествувала во проектот и Националната агенција за информациско општество (AKSHI). Таа тврди дека владата продолжила да го користи нејзиниот лик и по истекот на договорот, и надвор од дозволената намена, која била ограничена само на платформата e-Albania.
Во судските документи, Биша бара итна забрана за натамошна употреба на нејзиниот лик додека трае судскиот процес, наведувајќи дека неовластеното користење ѝ нанело значителна и непоправлива штета.
Во претходен телевизиски настап, Биша изјавила дека за потребите на системот снимала обемни аудио и видео материјали за ограничен временски период и за симболичен надомест, но никогаш не дала согласност за други форми на користење.
Портпаролката на албанската влада, Мањола Хаса, изјави дека Албанија е демократска држава во која граѓаните имаат право да покренат судски постапки против институциите. Таа додаде дека владата смета дека тужбата е неоснована, но е подготвена спорот да се реши пред суд, пренесе „Политико“.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.

