Регион
Вучиќ во октомври на средба со Путин во Москва

Српскиот премиер Александар Вучиќ на 28-ми октомври во Москва ќе има официјална средба со рускиот претседател Владимир Путин, пишува српскиот весник „Новости“.
Според информациите на весникот, српскиот премиер во Русија ќе биде примен на највисоко државно ниво, а ќе оствари средба и со рускиот премиер Дмитри Медведев. Дипломатски извори навеле дека оваа посета веќе детално се подготвува неколку недели, а сега конечно е познат и датумот кога Вучиќ ќе пристигне во Кремљ.
Се очекува Вучиќ и Путин да разговараат за развојот на политичките и економските односи меѓу двете земји, потоа руските инвестиции во Србија, изградбата на гасоводот „Турски тек“, кој би требало да поминува низ Србија, како и политиката кон Косово и Република Српска.
Според „Новости“, Путин и Вучиќ ќе разговараат и околу актуелната мигрантска криза која му се заканува на целиот европски континент. Целта на посетата исто така е и да се унапреди соработката пред сè во областите на земјоделството, енергетиката, инфраструктурата и автомобилската индустрија, заклучува „Новости“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.