Регион
Вујановиќ: Потврдено е, Црна Гора ќе добие покана за НАТО
Извесно е дека Црна Гора ќе добие покана за членство во НАТО, изјавил во понеделникот црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, додавајќи дека ова јасно му било потврдено од страна на „најголемите адреси“ на Алијансата, пренесуваат црногорските медиуми.
По учеството на самитот на ОН за климатските промени во Париз, Вујановиќ рекол дека денот кога Црна Гора ќе добие покана за НАТО ќе биде „голем ден“ за оваа држава.
„Можам да ја изразам со целосна сигурност прогнозата за нашата покана во НАТО. Сите соопштија дека Црна Гора ја заслужи оваа покана и дека со вредното делување покажавме дека сме во состојба да ги усвоиме стандардите на НАТО“, рекол Вујановиќ.
Тој потсетил дека поканата ќе биде ратификувана во 28-те држави членки на НАТО и дека Црна Гора со тоа ќе добие можност да стане полноправна членка на воената Алијанса. Според него, Црна Гора со ова ќе добие можност за развој на економијата, можност за работни места и поголем стандард на граѓаните, како и за подобра политичка позиција.
„Тоа што секогаш сакам да го нагласам е дека ова претставува ново забрзување на процесот на европските интеграции. Со членството во НАТО ние забрзано се движиме кон Европската унија. Мислам дека денот кога ќе добиеме покана за НАТО ќе биде голем ден за Црна Гора“, порачал тој.
Инаку се очекува во среда министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и официјално да донесат одлука за покана до Црна Гора да стане дел од Северноатланската алијанса./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

