Регион
Вукчевиќ: Србија не може случајот Орлиќ да и го отстапи на БиХ

Обвинителот за воени злосторства на Србија, Владимир Вукчевиќ изјави дека кривичната постапка против Насер Орлиќ не може да биде отстапена на босанското обвинителство бидејќи семејствата на жртвите не дале согласност.
„Не можеме случајот да му го отстапиме на Протоколот за соработка помеќу двете обвинителства, бидејќи на инсистирање на босанската страна, Протоколот е направен така што пред отстапување на предметот потребно е да се прибави согласност од семејствата на жртвите. Ние ги интервјуиравме претставниците на семејствата на жртвите и тие едногласно одбија овој предмет да биде отстапен“, рече обвинителот за Радио Слободна Европа.
Тој одби да прогнозира дали Орлиќ, кој минатата недела е уапсен во Швајцарија по српска потеница, ќе биде екстрадиран во Србија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.