Регион
ВВС: И покрај оставката на Понта, протестите во Романија продолжуваат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/romanija20protesti20nova.jpg)
Протестите во Букурешт против актуелните власти во земјата не стивнуваат ниту по оставката на премиерот Виктор Понта, и назначувањето на еден министер од неговата влада за привремен премиер на земјата, пишува BBC.
Романскиот претседател Клаус Јоханис го назначи министерот за образование Сорин Кимпеану за привремен премиер на земјата, откако владата на досегашниот премиер Понта се повлече поради огромните протести по трагедијата која минатата недела се случи во еден ноќен клуб во Букурешт.
Романците ја обвинуваат сеопфатната корупција во земјата за смртта на 32 лица, кои загинаа во пожар во ноќниот клуб „Колектив“. Гневот на демонстрантите е насочен кон властите, бидејќи луѓето тврдат дека клубот функционирал само благодарение на митото кое од неговите сопственици им било дадено на претставници на власта.
Трагедијата во ноќниот клуб се случи откако пиротехничката опрема предизвика пожар во кој животот го загубија 26 лица, а од повредените двесте лица, потоа починаа уште шест. Ноќниот клуб ја немал потребната дозвола за организација на концертот, како ниту за пиротеничката опрема, а тројцата сопственици на клубот од вторникот се наоѓаат во притвор./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/александар-вучиќ-2.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.
Регион
Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/351dabcb-2224-4269-8026-3b31590d6e8b.jpg)
Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.
„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат, да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.
Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.
Истото невладино здружение минатиот петок организира бојкот на продавниците во Црна Гора кога, според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.
Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одѕваа на повикот за бојкот на големите продавници, а одѕивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.
Регион
Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/micotakis-x-epa.jpg)
Грчките власти се на готовност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.
„Уште еднаш сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета на островот додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни, пренесе „Ројтерс“.
Тој изрази надеж дека оваа појава бргу ќе заврши и дека островот целосно ќе се врати во својот нормален ритам.