Регион
WikiLeaks почна со објавување на околу 300.000 електронски преписки на турските власти
Порталот WikiLeaks објави дека поставил за слободен пристап околу 300.000 електронски пораки на членовите на турската владејачка Партија на правдата и развојот (AKP), кои, како што беше најавено претходно, треба да појаснат кој стои за неуспешниот обид за државен удар.
Порталот WikiLeaks објави дека поставил за слободен пристап околу 300.000 електронски пораки на членовите на турската владејачка Партија на правдата и развојот (AKP), кои, како што беше најавено претходно, треба да појаснат кој стои за неуспешниот обид за државен удар.
„Објавени се 294.548 електронски писма на турската владејачката партија (на претседателот Реџеп) Ердоган“, се вели во соопштението на ресурсот објавено на Twitter.
Претходно беше објавено дека WikiLeaks ќе обелодени повеќе стотици илјади документи од владејачките структури во Турција. Подоцна беше прецизирано дека ќе бидат објавени 500.000 документи и 300.000 електронски пораки.
„Првиот дел од документите вклучува 762 електронски адреси, започнувајќи од буквата А до буквата I и содржат 294.548 електронски пораки заедно со илјадници додадени фајлови“, најавуваат од WikiLeaks.
Електронските писма се замени од „akparti.org.tr“, главниот домен на Партијата на правдата и развојот. Најновата порака е со датум 6-ти јули 2016 година, а најстарата е датирана од 2010 година.
„Треба да се истакне дека електронските писма, поврзани со овој домен, во основа се однесуваат на прашања кои се однесуваат на целиот свет, во фонот на најчувствителни внатрешни прашања“, се наведува на порталот.
Од WikiLeaks, исто така, потврдуваат дека периодично ресурсот е подложен на кибернетички напади, а покрај тоа објавениот линк на Twitter, по кој може да се дојде до страницата каде што се објавени писмата, е недостапен.
Објавувањето на документите и преписката се одвива во заднината на масовните апсења кои се одвиваат Турција по пропаѓањето на обидот од ноќта на 15-ти јули да биде извршен воен преврат во земјата. Владата во Анкара го обвинува за организирање на пучот исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во егзил во САД, кој ги негира ваквите напади и вели дека можеби државниот удар е исцениран./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.