Регион
За Тачи изјавата на Рама за обединување на Албанците е погрешно пренесена
Косовскиот министер за внатрешни работи и поранешен премиер, Хашим Тачи, тврди дека изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за неизбежното обединување на Албанија и Косово е погрешно протолкувана, како и дека Рама всушност говорел за бришење на границите откако двете земји ќе станат членки на Европската унија, која претходно во средата ги осуди изјавите на двајцата албански челници.
„Лично бев со албанскиот премиер Еди Рама кога го даваше тоа интервју (за телевизијата Клан Косова во Приштина – з.м.) и можам да кажам дека неговата изјава е погрешно интерпретирана“, изјави шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи на заедничката прес-конференција во Загреб по средбата со неговата хрватска колешка Весна Пусиќ.
Тачи изјави дека Рама е „реформаторски“ настроен политичар, кој има јасна перспектива за патот на неговата земја, како и дека силно го поддржал дијалогот за нормализација на односите Косово и Србија. Истакна и дека Албанија и Косово ја споделуваат истата визија за регионот ја југоисточна Европа кој ќе биде „отворен, со отворени граници и меѓусебно слободно движење според европскиот модел“.
„Во ниеден случај не зборуваме за промена на границите, туку за намалувањето на видливоста на тие граници, каде што луѓето ќе може слободно да се движат, согласно европскиот модел, бидејќи, на крајот, сите ќе бидеме дел од европското семејство“, изјави.
На прашање на новинар за „планот Б“ на Рама, односно за класичното спојување на Косово со Албанија, пренесува агенцијата Hina, Тачи одговори дека тој не е портпарол на албанскиот премиер и повтори дека Косово целосно го поддржува официјалниот став на Албанија во кој не се поттикнувало на менување на границите, туку се сакало да се отвори можност со надминување на секоја поделба да се оствари напредок во сите сфери. „Доколку зборуваме за конкретното интервју, можам да кажам дека никој не зборуваше за ткн ‘национално обединување’, ниту за промени на границите“, рече Тачи.
Неговата домаќинка, Пусиќ, пак, рече дека не може да се каже што точно мислел албанскиот премиер, но дека интерпретацијата на Тачи „се чини позитивна“.
„Во Европа нема промени на границите. Границите не се менуваат, но со членството во ЕУ тие, секако, се либерализираат и им се намалува важноста“, рече шефицата на хрватската дипломатија. Истакна, меѓутоа, и дека на тој начин „подеднакво се намалува важноста на границата меѓу Косово и Албанија, како и границата меѓу Косово и Србија или Косово и Македонија или која и да е друга земја“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хрватска, заедно со Албанија и Косово, ќе одржи заедничка воена вежба
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го најави одржувањето на првата трилатерална воена вежба меѓу Албанија, Косово и Хрватска во 2026 година, како дел од неодамна потпишаниот договор за соработка меѓу трите земји.
Венгу објави дека е направен уште еден важен чекор во спроведувањето на трилатералниот договор, истакнувајќи дека началниците на генералштабовите на Албанија, Косово и Хрватска одржаа заеднички состанок со цел понатамошно подобрување на воената соработка.
Според него, фокусот на соработката е на зајакнување на воената координација, поголема интероперабилност и подигнување на оперативната подготвеност на вооружените сили на трите земји. Посебен акцент е ставен на развојот на заеднички вежби и обуки за справување со безбедносните предизвици и хибридните закани.
„Првата трилатерална вежба ќе се одржи во 2026 година, во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО и евроатлантските цели“, објави Венгу.
Во Скадар се одржа состанок на началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија и Хрватска и командантот на Косовските безбедносни сили, а состанокот предизвика реакција од српското Министерство за одбрана, кое го оцени како закана за мирот во регионот, пренесуваат медиумите во соседството.
Српското Министерство за одбрана објави дека остро го осудува трилатералниот состанок, оценувајќи дека продлабочувањето на воената соработка претставува фактор на притисок и безбедносен предизвик за Србија и српскиот народ на Косово, како и закана за мирот и стабилноста во регионот.
Претходно, на 30 јануари во Загреб се одржа состанок на Хрватска, Албанија и Косово на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.
Сите овие состаноци се одржаа по меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Албанија, Хрватска и Косово го потпишаа на 18 март 2025 година во Тирана.
Регион
Рутe: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата на Западен Балкан.
Тој го изјави ова на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, пред утрешниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, одговарајќи на прашање за тоа како ја гледа моменталната безбедносна состојба на Балканот.
„Сакам да нагласам дека внимателно ја следиме ситуацијата и дека преку КФОР и нашите други активности на Западен Балкан, во Босна и Херцеговина, но и на Косово, сме многу ангажирани и будно го следиме развојот на настаните“, рече Руте, пренесува Танјуг.
Зборувајќи за ситуацијата во Косово, тој изјави дека НАТО сè уште чека одговорност за настаните во Бањска, како и за други настани во текот на 2023 година.
Тој додаде дека НАТО никогаш нема да прифати безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина и посочи дека тие внимателно ги следат настаните и таму.
Регион
(Фото) Немири во Албанија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата
Албанската полиција уапси 21 лице по вчерашниот протест на опозицијата во Тирана, кој прерасна во насилство пред канцеларијата на премиерот и зградата на парламентот. Меѓу уапсените беа седум малолетници, а демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства кон полицијата и владините згради, на што полицајците одговорија со солзавец и водни топови, објави Лајмифундит.

Police officers move away from a fire during an anti-government protest in Tirana, Albania, 10 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Демонстрантите, поддржувачи на опозициската Демократска партија, се собраа вчера попладне на Булеварот на народните херои пред седиштето на владата. Потоа собирот се пресели во парламентот, каде што запаливи предмети, пиротехнички средства и разни тврди предмети беа фрлани кон полицијата и владините згради во текот на целиот протест.

Opposition supporters clash with police officers during an anti-government protest in Tirana, Albania, 10 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата извести дека во насилството се повредени 16 полицајци. Сите се хоспитализирани и се надвор од животна опасност. Според полицијата, повеќето од уапсените демонстранти претходно биле познати по учество во слични протести. Имињата на 14 возрасни уапсени лица се објавени, додека идентитетот на седум малолетници не е објавен.

Firefighters extinguish a fire outside the Prime Minister’s office during an anti-government protest in Tirana, Albania, 10 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
По истрагата спроведена во соработка со обвинителството, полицијата објави дека уапсените се товарат за голем број кривични дела, вклучувајќи напад врз службено лице, нанесување тешки телесни повреди, нарушување на јавниот ред и мир, уништување на имот со пожар, спротивставување на службено лице и кршење на правилата за експлозивни и запаливи материјали.

Opposition supporters use umbrellas to protect themselves from a water cannon during an anti-government protest in Tirana, Albania, 10 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

