Регион
Запалено американското знаме на протести во Атина

Група демонстранти во понеделник вечер го запалиле американското знаме пред амбасадата на САД во Атина, на протестниот собир за одбележување на 41-годишнината од студентските протести против тогашната диктатура во земјата.
Во немирите пред американската амбасада биле повредени пет полицајци, а биле уапсени седум демонстранти. Полицијата употребила солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите од пред амбасадата и да спречи поголеми немири.
Според проценките на грчките медиуми, на улиците во Атина излегле околу 20.000 граѓани, а собирот го обезбедувале околу седум илјади полицајци.
Освен во престолнината, протести се одржале и во вториот најголем грчки град Солун, каде се собрале околу 14.000 демонстранти. Собирот го обезбедувале околу илјада полицајци, а завршил мирно.
Во 1973 година во Грција во студентски протести против тогашната диктатура, полицијата и војската отвориле оган на демонстрантите и граѓаните кои се нашле на улиците кај централниот атински кампус. Режимот паднал од власт следната година.
Иако демонстрантите првично вчера протестираа против поддршката на САД на диктатурата која била на власт од 1967 до 1974 година, тие го кренаа гласот и против мерките за штедење што ги воведе власта, забележуваат грчките медиуми.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.