Регион
Земјотрес во Бања Лука

Босанскиот град Бања Лука, во четврток беше потресен од земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Зеемјотресот се случил во 16.04 часот, во четврток, а епицентарот бил на осум километри источно од Бања Лука и шест километри северозападно од Челинац, на длабочина од 10 километри.
Жителите на градот почувствувале силно тресење, особен на повисоките катови во станбените згради, а за сега нема извешати за материјална штета или повредени./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Воз прегази мигранти кои спиеле на шините на патот кон Солун

Воз кој сообраќал од Драма кон Солун рано утринава прегази тројца мигранти кои спиеле на шините.
Несреќата се случила во близина на Драма, гратче кое се наоѓа недалеку од Кавала.
Надлежните потврдија дека несреќата се случила, а жртвите најверојатно се странски државјани, илегални мигранти.
Се претпоставува дека во текот на ноќта легнале на железничките шини да спијат, пренесе Телеграф.рс.
Регион
(Видео) Авион на „Визер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на Скијатос

Авион на „Визер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на грчкиот остров Скијатос.
На драматичната снимка може да се забележат ентузијасти кои често на приодот до островот чекаат авионот да слета на пистата, која е многу блиску до брегот.
Но и искусните во вакви ситуации не биле подготвени за слетување на „ербасот“ на компанијата „Визер“ кој им поминал точно над главите и едвај ја прелетал заштитната ограда на аеродромот.
Авионот слетал безбедно и нема повредени. Бидејќи пистата на аеродромот на Скијатос е релативно кратка, пилотите мора да ѝ пријдат што е можно пониско за да застанат.
Околу аеродромот има предупредувања дека пристапот е забранет, но луѓето, како што може да се види на видеото, главно ги игнорираат, пренесува Блиц.рс.
Wizz Air A321 low landing in Skiathos ????✈️
???? ErinGC2002 pic.twitter.com/cbyqUDhhYH
— Aviation World (@aviationworld00) August 6, 2022
Регион
Се огласиле сирените за тревога во Сараево, граѓаните во паника

По грешка на сараевската Општина Центар, денеска напладне се вклучиле сирените за тревога, што вознемирило многу граѓани.
Сараевската телевизија N1 објави дека оперативниот центар на Цивилната заштита на кантонот Сараево појаснил дека тоа е вина на Општина Центар. Оперативниот центар набргу потоа бил преоптоварен од повиците на граѓаните во врска со овој случај.
„Ја известуваме јавноста дека сирените се огласени по грешка, без потребното соопштение и предупредување. Сирената беше програмирана да се огласи минатиот месец, односно на 11 јули во 12 часот во спомен на жртвите од геноцидот во Сребреница. По грешка програмата за овој месец остана иста“, изјавиле од тамошната Општина Центар.
На граѓаните им порачале дека нема причина за загриженост.