Регион
Zeri: Ердоган на Косово `пере милиони евра`

Милиони евра од Турција се слеваат на Косово преку илегални патишта, заобиколувајќи ги банките, а преку ни власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пере пари, тврди приштинскиот весник Zeri.
Како што наведува весникот, Косово е „преплавно со милиони“, но не како инвестиции или економска помош, или пак за финансирање на проекти, туку за обновување на религиозни објекти.
„Поголем дел од инвестиции без сомневање го изнесуваат на виделина Ердогановото перење на пари преку Косово“, наведува Zeri.
Десетина нови џамии на Косово, како и обнова на сите постоечки, изградени за време на Отоманското царство, се финансирани преку големиот донатор „Турска агенција за кооперација и координација“ (ТИКА), пишува Zeri, истакнувајќи дека агенцијата е основана од страна на турската влада, а со нејзе директно раководи амбасадата во Турција.
Турција е меѓу првите земји кои го признаа Косово, а за Ердоган во повеќе наврати се пишува дека отворено лобира за Косово. Исто така, турскиот претседател крена многу врева пред две години кога во Призрен рече дека „Косово е неговата втора земја“.
Ердоган, кој тогаш беше премиер на Турција, изјави дека културите на Турција и Косово се различни, но дека нивните граѓани припаѓаат на иста земја. На ова следеше остра реакција на српското МНР, како и на српската јавност, но од кабинетот на Ердоган тогаш соопштија дека тој нема да се извини поради тоа што неговата изјава била „погрешно протолкувана“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.