Свет
Роднините идентификувале 18 од 32 загинати во експлозијата во Мексико
Роднините идентификувале 18 од 32-те загинати лица во експлозијата на пазарот за пиротехника во државата Мексико, изјави на прес-конференцијата во средата челникот на владата на регионот Хозе Мансур.
Моќната експлозија којашто предизвика пожар го уништија еден од најголемите пазари на пиротехника во Мексико, во општината Тултепек.
Според податоците кои ги објавија локалните власти, од 59-те повредени лица, 46 уште се наоѓаат во болниците.
Покрај тоа, уште 12 лица се водат како исчезнати, а меѓу нив има и деца.
Властите, исто така, соопштија дека меѓу жртвите и настраданите нема странски државјани. Засега причините за експлозијата не се објавени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos

