Свет
САД: Пол Рајан повторно предложен за челник на Претставничкиот дом
Републиканците во Претставничкиот дом САД очекувано во вторникот едногласно повторно го именуваат Пол Рајан за кандидат за претседателот на новиот Конгрес следната година, соопштија под одржувањето на конгресот на Републиканската партија.
Четириесет и шестгодишниот Пол Рајан на гласањето затворено за јавноста на Капитол Хил едногласно е именуван за официјален кандидат на Републиканската партија за должноста претседател на долниот дом на американскиот Конгрес, или ткн „спикер“, кој веќе оваа должност ја извршува една година, а на тоа не се противеле ултраконзервативците од фракцијата Чајанка (Tea Party).
„Ми претставува чест што колегите ме именуваа за претседател на Претставничкиот дом Сега е време да се биде смел“, реагираше на Twitter Пол Рајан.
Републиканците на изборите од 8-ми ноември го задржаа мнозинството во двата дома на Конгресот, Претставничкиот дом и Сенатот. Новоизбраните пратеници ја преземаат должноста на 3-ти јануари.
Претседателот на Претставничкиот дом ќе се избира по божикните и новогодишните празници, на почетокот од јануари кога ќе гласаат сите пратеници, и републиканците и демократите.
Демократите својот челник ќе го избираат на 30-ти ноември. Во моментов тоа е 76-годишната Ненси Пелоси, но на нејзиното место може да дојде кандидат од новата генерација, 43-годишниот Тим Рајан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

