Контакт

Вести

Снег ги побели Хаваи

Објавено пред

За делови од Хаваи издадено е предупредување за зимско невреме, откако изминатите денови наврнале до 90 сантиметри снег.

Метеоролозите велат дека не е необично да врне снег на тропските Хаваи, но ретко се случува да наврне толку многу на толку ниски надморски височини, пренесе во неделата BBC.

Најмногу снег паднало околу двата островски врва, Мауне Кea и Маунa Лои. Уште снег се очекува во неделата. Другите делови од архипелагот, пак, го погодиле поплави.

Метеорологот Мет Фостер изјави за The Los Angeles Times дека снегот пет до шест пати годишно е вообичаена појава на Маунa Кеа и Мауна Лои, врвови високи 4.2017 и 4.265 метри. Меѓутоа, 60 до 90 сантиметри на другите делови од островот „за само неколку дена е на горната страна од екстремот“, додава.

Локалните власти сметаат дека снегот до понеделникот не би требало да ги затворат патните правци кон споменатите врвови, па на нивните падини се очекуваат скијачи и сноубордери./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Вести

Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Објавено пред

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.

„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.

Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето  масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.

Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.

Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.

Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.

Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.

Денес протести за климата се планирани и на други места.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет56 минути

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион1 час

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија1 час

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион1 час

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет2 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија18 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија21 час

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија21 час

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа22 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија22 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија23 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион1 ден

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет1 ден

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет1 ден

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија2 дена

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија2 дена

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија2 дена

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Досие