Свет
Најмалку 30 мртви во пожарот во клубот во Окланд
Во пожарот во калифорнискиот град Окланд кој избувна во петокот ноќта смртно настрадале најмалку 30 луѓе, а бројот на загинатите може да биде поголем, соопшти во неделата локалната полиција.
„Досега успеавме да прегледаме само 20 отсто од зградата и пронајдовме 30 тела“, изјави на прес-конференција Реј Кели од канцеларијата на шерифот на округот Аламеда, којашто претходно објави дека се најдени 24 тела на жртвите.
Претходните официјални бројки зборуваа за девет смртно настрадани, но во саботата локалните власти рекоа дека таа може да се движи меѓу 30 и 40 жртви, имајќи го предвид бројот лица кои се водеа како исчезнати.
Не е познато и колку луѓе имало во зданието во времето на несреќата. Според фејбук страницата на клубот и очевидци, меѓу 50 и 100 луѓе биле во зградата.
Пожарот избувнал во петокот околу 23,30 часот по локално време во Окланд, близу Сан Франциско, во двокатно складиште коешто често е користено од 18 разни уметници, кои и живееле во него, иако за тоа немале дозвола. Кобната вечер се одржувала „рејв“ забава на електронскиот бенд Golden Donna.
Причината за пожарот досега не е утврдена. Откако избувнал, огнот многу брзо се проширил, а покривот се урнал. На пожарникарите им биле потребни повеќе од дванаесет часа да се справат со стихијата и да влезат во зградата.
„Ќе ни бидат потребни уште неколку дена за да ја пребараме целата зграда“, изјавила шефицата на портивпожарната служба на Окланд, Мелинда Драјтон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.