Свет
Трамп возврати дека би го победил и Обама на изборите
Американскиот претседател на заминување Барак Обама не би имал никакви шанси да го обезбеди третиот мандат доколку системот тоа му го овозможуваше, како што изјави во понеделникот, возврати избраниот Доналд Трамп на својата страница на Twitter.
„Претседателот Обама рече дека, според него, тој ќе ме победел. Тој мораше тоа да го каже, но јас велам- никогаш!“, напиша Трамп.
Како аргументи Трамп притоа наведува три проблема кои се поврзани со претседателството на Обама: намалувањето на работните места во САД, терористичката закана од Исламската држава и реформите на американскиот систем за здравствено осигурување, позната како Obamacare.
Американскиот претседател на заминување Барак Обама кој на 20-ти јануари треба да ја напушти должноста и да му ја предаде на избраниот претседател Доналд Трамп, изјави во понеделникот во интервју за CNN дека е убеден оти би го освоил и третиот мандат доколку системот би му овозможувал повторно да се кандидира.
Обама ги отфрла обвинувањата дека неговата визија „на прогресивни промени“ за САД била сон. „Убеден сум во таа визија, бидејќи сум сигурен дека би го мобилизирал мнозинството Американци да се соединат околу тој сон доколку можев да се кандидирам и да можев да го објаснам“, рече.
„Тоа го знам од разговорите кои ги имав со луѓе ширум земјата, дури и со неколку луѓе кои не се согласуваат со мене. Тие велат дека насоката на визијата на којашто укажував е вистинската“, додаде Обама.
Во однос на прашањето за поразот на демократската кандидатка Хилари Клинтон, неговата поранешна државна секретарка која отворено ја поддржуваше во кампањата, Обама рече дека една од причините е односот што го имала во медиумите. „Сметам дека Хилари Клинтон одлично дејствуваше во многу лоши услови“, рече Обама потсетувајќи дека таа освоила повеќе гласови и оти „распределбата на гласовите не одела во прилог на демократите“.
Според американскиот устав, претседателот може да биде на таа должноста само два четиригодишни мандата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

