Контакт

Вести

САД ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета

Објавено пред

 

ВВС на САД за денеска планира да тестира интерконтинентална балистичка ракета (МБР) Минутеман III, која ја сочинува основата на стратешките нуклеарни сили на земјата, пишува весникот Вашингтон егзајмн.

 

Според изданието, ракетата ќе биде лансирана од базата на ВВС Ванденберг во Калифорнија за да се покажат нуклеарните можности на САД.

 

Претставничката на Командата за глобални удари на ВВС на САД изјавила дека тестирањата се планирани пред една  година и немаат врска со ситуацијата на Корејскиот Полуостров.

 

Минутеман III е единствената стратешка ракета која е базирана на копно, а усвоена како оружје во САД во 1970 година. Според последните податоци, САД располагаат со 450 вакви ракети, кои ќе останат во вооружувањето барем до 2020 година. Ракетата може да порази цели на далечина од 12 илјади километри. Крај/мф/кс

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ11 час

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет11 час

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија11 час

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ12 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ14 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура14 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија16 часа

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија16 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Македонија16 часа

ЗНМ повикува на транспарентна и непристрасна истрага за рекламирањето на партиите на последните избори

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага...

Македонија17 часа

(Видео) Костадинов: Односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство, изјави портпаролот...

Македонија18 часа

Владата: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на...

Македонија18 часа

Целиот тим на ракометниот клуб Голден арт КЛ7 во изолација поради коронавирус

Ракометниот клуб Голден арт КЛ7 ги информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на...

Македонија19 часа

(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија21 час

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион21 час

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Свет21 час

Се затвора џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија „Ал-Акса“ во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет21 час

Трамп го нарече докторот збунет, а тој му одговори: Маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината против коронавирусот е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет22 часа

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет22 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Досие