Контакт

Вести

Хамас го отфрли примирјето со Израел до укинување на блокадата на Газа

Објавено пред

Лидерот во егзил на палестинското исламистичко движење Хамас, Халед Машал изјави дека склучување на примирје со Израел е невозможно сѐ додека не биде симната целосно израелската блокада на палестинската енклава Појасот Газа, додека расте бројот на жртвите на двете страни.

dobivaj vesti na viber

„Хамас го отфрли денеска и има намера да ги отфрли и во иднина“ предлозите за прекин огнот со Израел, рекол за медиумите Халед Машал на прес-конференцијата во катарската престолнина Доха, пренесе AFP. Според него, така ќе биде сѐ додека не бидат разгледани барањата на Хамас, коишто вклучуваат симнување на блокадата врз Појасот Газа воведена уште во 2006 година. Хамас, според извештаите, бара десетгодишно примирје, Израел да ги ослободи палестинските затвореници ослободени според договорот од 2011 година за размена на израелскиот војник Гилад Шалит, а беа повторно уапсени по грабнувањето и убиството на трите израелски тинејџери во другата палестинска енклава Западниот брег на 12-ти јуни. Вториот услов на палестинското движење е отворање на сите гранични премини во Појасот Газа, како и преминот Рафах кон Египет го контролираат сили на Обединетите нации.Другите услови се повлекување на израелските тенкови од областите во кои навлегоа во рамките на сегашната офанзива „Линија на одбраната“, потоа целосно укинување на копнената, воздушна и поморска блокада на Појасот Газа, отворање меѓународен аеродром во Појасот Газа, проширување на риболовната област на 10 километри од брегот за Палестинците и пренасочување на воздушните коридори на израелските авиони за да не прелетуваат преку палестинската крајбрежна енклава. Услови се и израелско немешање во работата на палестинската влада на национално единство постигната со помирувањето меѓу ривалските палестински движења Хамас и Фатах во јуни, како и повторна изградба и обнова на индустриската зона покрај границата.Досега во последниот израелско-палестински судир двапати беше објавено примирје. Првото на 15-ти јули го прогласија Израелците, согласувајќи се со египетската мировна иницијатива. Тоа требаше да трае шест часа, но беше прекинато поради одбивањето на палестинските милитанти да го сопрат ракетирањето на јужните делови на Израел. Второто, ткн хуманитарен прекин на огнот беше објавен на 17-ти јули, но исто така беше предвремено прекинат.Додека од сите страни на светот пристигнуваат апелите за прекин на непријателствата меѓу Палестинците и Израелците, Мешал истакнува дека Хамас „нема забелешки“ на посредувањето, па така ни на египетското, но со услов да „престане агресијата и да се укине блокадата“. „Прво мораме да се согласиме во врска со исполнувањето на нашите барања, а тогаш ќе одлучиме кога ќе настапи примирјето“, рекол. Во таа смисла Машал тврди дека е наклонет кон „хуманитарното примирје“ коешто нема да биде „начин да се заобиколат“ барањата на Хамас.Во средата,на 16-от ден од израелската офанзива во Појасот Газа се убиени повеќе од 50 Палестинци од кои според болнички извор четири се деца, со што бројот на загинатите Палестинци се искачи на 680, меѓу кои повеќето се цивили, односно деца и жени, соопштија палестинските медицински служби.Од друга страна, во средата се убиени уште тројца израелски војници, со што вкупниот број на загубите од почетокот на судирите започнати на 8-ми јули на страната на Израел се искачи на 34, од кои 32 се војници загинати во борбите од започнувањето на копнената  воената операција во Газа, и двајца цивили кои загинале во ракетирањето на јужните израелски области од палестинска територија. Во палестинските гранатирања загина и еден работник од Тајланд.Податоците за жертвите во Газа тешко се собираат и тешко можат да се проверат имајќи го предвид хаосот кој владее во енклавата, не можноста да се евакуираат сите настрадани и жртви и недостигот од координација меѓу  спасувачките служби, додека тела секојдневно се извлекуваат од под урнатините на куќите, велат очевидци за светските медиуми.Според Обединетите нации, повеќето жртви се цивили, Високата комесарка за ОН за човекови права Нави Пилај изјави во средата дека Израел можеби сторил и воени злосторства убивајќи цивили, гранатирајќи куќи и болници во текот на офанзивата и оцени деката таквите инциденти мора непристрасно да се истражат. Пилај, исто така, го осуди и палестинското ракетирање на израелските територии. Повеќе од 118 илјади луѓе ги напуштиле своите домови во оваа густо населена палестинска енклава со околу1,8 милиони жители и засолниште побараа во камповите на ОН. Израелските сили „ги прекршија сите меѓународни закони и човечкиот морал“, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абзад. Тој изминатите два дена го изрази гневот на Палестинците по повеќедневните безуспешни разговори во Египет, Турција и во Катар каде се обидуваше да постигне примирје меѓу Израел и Хамас, израелското исламистичко движење кое по кусата војна во 2007 година против ривалското умерено движење на Абаз – Фатах управува со Појасот Газа./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ5 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија5 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет7 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет7 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет8 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион8 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет8 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија19 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија20 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија20 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија22 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...