Вести
Промовирана „Предлози за технолошки и бизнис партнерства од Македонија“

Брошурата „Предлози за технолошки и бизнис партнерства од Македонија“ денеска беше промовирана од страна на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ како координатор на Европскиот информативен и иновативен центар на Македонија (ЕИИЦМ) кој е член на Enterprise Europe Network
Брошурата има за цел да им помогне на малите и средните претпријатија од Република Македонија во потрага по партнерства во други земји. Станува збор за меѓународна база за бизнис, технолошка и научна соработка на сите земји каде што е присутна Европската мрежа.„На повидок е и трансфер на технологија која е иноватор од Република Македонија ќе ја пренесе во една развиена европска земја. Брошурата во иднина ќе биде доставувана до сите манифестации организации од страна на мрежата, како меѓународни саеми и брокерски настани“ изјави проектен менаџер на ЕИИЦМ, Виктор Стојмановски. На промоцијата директно обраќање имаа ректорот на УКИМ и претседател на Конзорциумот на ЕИИЦМ, Велимир Стојковски и министерот за образование и наука на Република Македонија, Никола Тодоров. „Со воспоставување на контакт со универзитетот или било која од нашите партнерски институции вклучени во работата на овој центар, македонските мали и средни претпријатија ќе можат да ги добија услугите од мрежата преку едношалтерски систем и сосема бесплатно“ вели Стојковски. ЕИИЦМ е основана пред три години, од страна на Европската комисија и по тој повод ја промовираше брошурата. Мрежата е присутна во 47 земји, составена од над 600 партнерски организации, а опслужуваат повеќе од 25 милиони мали и средни претпријатија, секаде каде што е присутна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.
Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.
Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.
„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.
Вести
Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.
„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.
Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.
Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.
Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.
Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.
Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.
Денес протести за климата се планирани и на други места.
Вести
Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.
Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.
„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.
Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.
„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.
Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.
Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“